Забавата која си ја организираат земјоделците со неконтролираното палење на стрништата и веднаш бегање од местото на настанот продолжува.И денес голем пожар има над селата Жиганци Новоселани и Лепопелци. Дознаваме дека во моментот 13 пожарникари со 5 возила и 11 добровочци од ДПД со 2 возила мака мачат како да го спречат проширувањето на пожарот..
И додека тие си ги рескираат животите месното население од трите села никаде го нема.
Мора некој да се замисли сериозно и да ги пронајде виновниците бидејќи вака не оди.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ