Предлогот на советничката Ивана Максимова беше прифатен па така сите првачиња од Општина Кочани ќе добијат пакети со основен ученички прибор и материјали.
Првичниот предлог на Максимова беше сите првачиња да добијат паричен надомест во висина од 2.000,00 денари но за да убрза постапката бидејќи веќе утре започнува новата учебна година беше одлучено да се искористи склучениот договор за јавни набавки и да им се доделат пакети.
Одлуката беше едногласно донесена што е за почит а 327 првооделенчиња набргу ќе ги добијат пакетите.
Предлогот советниците да донираат дел од своите примања за оваа намена не беше прифатен.
С. Ивановски