СО ДОНИРАНИТЕ САДНИЦИ ОД „ПЕЈПАР МИЛ“ ОПШТИНА КОЧАНИ СИ ПОСТИГНА АВТОГОЛ ВО 120 МИНУТА

март 22, 2022
0 min read

Денес змијата пополека почна да си ги покажува нозете. Граѓанските здруженија кои веќе трета година по ред се борат за чист воздух во Кочани денес доживеаја класичен нокаут од Општина Кочани. Денес некој се обиде да ги фрли во сенка сите досегашни протести за чист воздух и чиста вода се со цел кочанчани да добијат чиста животна средина.

За денес беше најавено пролетно пошумување во месноста „Рамни ниви“ над депонијата кај селото Бели.

И наместо да се изврши само чинот на пошумување, денес се случи големо рекламирање на најголемиот загадувач на воздухот и водата во Кочани и околината, денес се изрекламира компанијата „Пејпар мил“.

Дали сме толку сиромашни и во умот и во Буџетот па дозволивме садниците да бидат донирани од „Пејпар мил“ и со тоа компанијата си направи вистинска промоција, се престави како голем борец за екологијата. За таа цел беше покането јавно гласило (Телевизија) дури од Штип, истото гласило кое веќе извесен период како да сака да ги промовира а не да ги критикува. Зошто тоа го прават, само тие и уредувачката политика си знаат.

Денес на учениците учесници во акцијата за пошумување им беа поделени й мајци  на кои стои знакот на „Пејпар мил“ што е класична злоупотреба на децата и простор да реагира Детската амбасада „Меѓаши“

Денес со донација на садници, со донација на маици од страна на „Пејпар мил“, Општина Кочани си постигна автогол и тоа во 120 минута.

Нека ни е на здравје

С. Ивановски