Во конкуренција на 600 натпреварувачи од целиот свет кои се натпреваруваат во различни категории, доцна синоќа Лазар Захариев го освои првото место на „Светскиот Куп 2023“ што се одржува во Хургада (Египет).
Захариев се натпреваруваше во категоријата бенч прес Мастерс, тежина 1 – 110 килограми и со подигнати 200 килограми стана прв во својата категорија.
WORLD KUP EGYPT 2023 WPC/AWPC PAWERLIFTYING AND BENCH PRES ќе се одржува и во наредните четири дена.
Честитки до Захариев кој и овој пат како и во Владичин Хан (Србија) е со поддршка на синот Гаврил и сопругата Мирјана.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ