На 04.07.2023 во 09.36 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ж.А.(76) од с.Соколарци, удрило во пешакот К.Ј.(54) од с.Кучичино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
ИЗВОР: Дневен билтен на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ