СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

ноември 12, 2021
1 min read

ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ

Почитувани,

Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име

Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја одложуваат работата на Советот за која воедно и ги следува месечен паушал.

Свеченото давање на заклетва, а притоа да се прецртува името на државата е против Уставот. Како највисок правен акт, сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него. Искрено, се надеваме дека нивното сценарио не оди во правец на однапред испланирана блокада на работата на Советот на Општина Кочани.

Тоа е орган кој е во функција и интерес на граѓаните и како таков мора да работи без неосновани прекини.

Сепак, тоа е сериозна институција а не театарска сцена за да можете да приредувате драми и да се трудите да ги излажете нашите и ваши сограѓани инсуинирајќи наводна промена на име. Дури и Вашиот лидер потврди дека тоа е завршена постапка и ја оцени како позитивно неопходна за понатамошните европски интеграции.

Слично сценарио се случи и во Советот на Општина Штип и освен што заврши со опомена до градоначалникот на општината и претседателот на Советот од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа и можна забрана за прописи, друг епилог нема.

Ги потсетуваме господата од ДПМНЕ дека не е време за лажен патриотизам, туку за одговорност пред граѓаните за која сами потпишаа заложност. Со​ советници кои се анти ЕУ,​ анти НАТО​ и анти Преспа,​ нема никакви вредности​ ниту платформа,​ само​ желба за власт.

Веќе е јасно дека конфликтот на ставови, конфликтот на политики и конфликтот на вредности на овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за интересите на нашата општина.

Но затоа, ние продолжуваме со нашите прогресивни, демократски политики, градејќи едно општество еднакво за сите.

Ги повикуваме надлежните институции да ги преземат сите мерки кои се согласно Уставот за да се овозможи непрекинато функционирање на Советот на Општина Кочани во иднина.

ОО на СДСМ – Кочани