СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

декември 22, 2021
1 min read

МИЦКОВСКИ И ПАПАЗОВ ВО ПОСЕТА НА КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА СДСМ И НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ

Почитувани,

Претседателот на ДПМНЕ, Мицковски, кој пред два месеца жестоко критикуваше се што работеше тогашната локална власт, вчера (патувајќи по завршницата на брзиот автопат, направен од Централната власт и СДСМ), дојде во Кочани, за да ги поздрави и да го закити сегашниот опозициски градоначалник, Љупчо Папазов со истите.

Додека претходно ги толкуваше како неуспешни, вчера зборуваше гордо за квалитетот и нивното значење во подобрувањето на животот на граѓаните. Посведочи на најмалку десетина капитални проекти, отпочнати од Централната власт и СДСМ, меѓу кои ги пофали:

– Фекалната канализација во с. Тркање – Проект на Николчо Илијев и СДСМ,

– Реконструкција на улицата ,,Роза Петрова” – Проект на Николчо Илијев и СДСМ,

– Замената на цевководот во с. Грдовци – Проект на Николчо Илијев и СДСМ.

Заедно со Папазов, дел од локалниот огранок и армија новинари, излегоа на увид на градежни активности. Партиската агенда опозицискиот градоначалник Папазов, ја реализираше во работно време, кое требаше да го посвети за средба со граѓаните, но тие ќе почекаат.

Колку влог дадовте вие господине Мицковски за да ги подобрите условите за живот на жителите, за кои сега зборувате?  Ништо освен испразнет буџет и долгови!

Се надеваме дека трудот, отчетот и работата на СДСМ, во кои и самите се уверивте и ги пофаливте при вашата посета, ве испратија дома со мотив и поттик за тоа како вистински треба и се гради и унапредува една општина.

Со почит,

ОО СДСМ Кочани