Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.
Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица.
Предметите вклучуваат мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
