Ве информираме дека Централниот регистар на Република Северна Македонија, регионална регистрациона канцеларија Скопје, на 29.02.2024 година (четврток) ќе работи со продолжено работно време и ќе овозможи прием на годишните сметки на правните субјекти за 2023 година од 08.00 до 20.00 часот.
На 29.02.2024 година (четврток) од 08.00 до 16.00 часот ќе се овозможи прием на годишните сметки на правните лица за 2023 година во Регистрационите канцеларии РК Свети Николе, РК Пробиштип, РК Македонски Брод и РК Неготино.
За сите дополнителни информации поврзани со поднесување на годишните сметки, како и за контакт со Централниот регистар, обврзниците за поднесување на годишна сметка да се информираат на следниот линк.
Соопштението е објавено и на официјалниот портал на Централниот регистар
Со Почит,
Централен регистар
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ