Информираме дека:
Директорката на Централниот регистар – Марија Бошковска – Јанковски, Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска и Директорката на Царинска управа – Славица Кутиров, денес, 09.06.2022 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се означи почетокот на меѓусебната соработка за успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот – Надградба на Едношалтерскиот систем, чиј носител е Централен регистар.
Проектот претставува надградба на Едношалтерскиот систем, што вклучува нови услуги преку интеграција со Управата за јавни приходи и Царинска управа за автоматско добивање на податоци/документи за платени даноци, придонеси и царински давачки, интеграција со Централниот регистар на население, технолошка надградба на под системот за размена на податоци со УЈП и банките и други нови функционалности. Надградбата на ЕШС ќе ги прошири електронските услуги кои се нудат на едношалтерски принцип, ќе ги забрза и поедностави процесите на поднесување на пријави за упис, ќе придонесе во повисок квалитет на податоците кои се евидентираат во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и ќе овозможи усогласување со законската регулатива.
Проектот ќе придонесе за:
- Намалување на административниот товар на субјектите на упис во делот на обезбедување на потврди од други институции.
- Намалување на административната работа кај другите институции преку дигитализација и автоматизација на процесите за генерирање на Потврди/Уверенија
- Зголемен квалитет на податоците за физичките лица – актери во субјектите на упис кои се веќе евидентирани во Централен Регистар на население.
- Зголемено задоволство на корисниците.
Покрај технолошка надградба на ЕШС, проектот предвидува и измена на постојната регулатива (Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Законот за трговските друштва и други закони) со цел усогласување со Законот за Централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Измената на законите ќе овозможи и спроведување на уписи во регистарот на другите правни лица по електронски пат.
Со Почит