До порталот komarec.com.mk испратен е писмен допис од Сопствениците на угостителските објекти, односно нивното барање до Советниците од Советот на Општина Кочани се со цел да не се избрзува со поставената топчка на дневниот ред на 64-тата седница што е закажана за Среда (14.05.2025 година). Во дописот се вели:
„Почитувани,
Ви се обраќаме бидејќи сме засегнати за точка 9 на дневен ред на советот кој ќе се одржи на 14.05 (среда).
Во минатиов период слушавме низа обвинувања од в.д Градоначалникот на општина Кочани кои не се основани и директно влијаат на нашиот углед и егзистенција.
Ве молиме пред да донесете решение за оваа точка да ги разгледате следните работи:
1. Дали тендите ги нарекува дивоградби основано и кој тоа го констатирал?
2. али општината редовно наплаќала јавна површина доколку ова е дивоградба?
3. Дали просторот е на општината или на станарите?
4. Дали во овие најтешки моменти на нашиот град му е потребно дополнително осиромашување, иселување и рушење на кревката економија на нашиот град?
5. Дали овие избрзани одлуки се тендециозни и селективни?
Ве известуваме дека сакаме заеднички да ги решиме сите проблеми и недостатоци, доколку ги има заедно со општината и комисијата која што таа ќе ја формира во разумен рок.
Време е за зедно да работиме за безбеден и побогат град.
Од угостителите во град Кочани“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ