СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2023“ НА ПОДРАЧЈЕТО ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ПС КОЧАНИ

август 30, 2023
0 min read

Во текот на 28.08. 2023 година, на подрачјето под надлежност на Полициската станица Кочани, односно во селата Јатребник и Пресека, како и во близина на повеќе излетнички места, а во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници спроведоа превентивна активност посветена на заштитата од пожари.

Притоа, низ разговори со граѓаните се апелираше за максимална одговорност при посета на шумски предели, движење по отворени површини и патишта, а се со цел да се избегнат сите потенцијални ризици што би можеле да доведат до шумски пожари. Исто така, беше посочена и неопходноста од соработка со полицијата и надлежните институции пред се во поглед на благовремено пријавување на пожарите. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со информативни содржини, согласно целите на активностите за подигање на јавната свест и грижа за шумскиот фонд.

Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ