СПРОВЕДЕНА ПРВАТА ОБУКА НА ЦКА-ПХВ ЦИКЛУСОТ ЗА 2025 ГОДИНА

февруари 12, 2025
1 минути

Црвен крст на  Р. С. Македонија – Општинската организација Кочани ја спроведе првата од предвидените три обуки во рамки на новиот циклус на проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ).
На обуката присутните младинци се запознаа со историјатот, настанокот и дејствувањето на Црвениот крст и Женевските конвенции и протоколи за заштита.


Обуката ја следеа 32 младинци од основните и средни училишта од Кочани.
„Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, за културата како систем од вредности и како да изработуваат мали проекти за помош во заедницата. Тие ја менуваат својата дневна рутина, поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, тимска работа со цел изработка на малите проекти и помош на лицата кои се таргетирани од нивна страна“, истакнаа од Црвен крст Кочани.
На следните две обуки од циклусот, младинците ќе се запознаат со начинот на изработка на малите проекти и нивното документирање.


Проектот има за цел регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади, а преку изработка на малите проекти се помага и на социјално загрозени семејства и општо добро на заедницата. Крајниот рок за изработка на малите проекти е до 9 мај.
ЦКА-ПХВ е националена програма која Црвениот крст ја имплементира повеќе од 20 години и преку неа на ниво на државата секоја година се изработуваат над 100 проекти од страна на 1300  младинци на возраст од 13 – 17 години

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ