Во организација на Боречкиот Клуб „Бучим“ од Радовиш а со техничка помош на Боречката Федерација на Македонија, денес во Радовиш се одржа 6-тиот турнир „Трофеј шампиони – боречки легенди“.
Годинешниот турнир се поклопи со прославата на 30 годишнината како БК „Бучим“ стана Европски шампион во борење.
Боречкиот Клуб „Спартак“ на турнирот учествуваше со пет натпреварувачи кои освоија по едно второ и трето место, двајца завршија на петата позиција а еден борач остана без пласман.
Сребрениот медал го освои Јован Илиев во категоријата до 61 килограм додека Мартин Цветков го освои бронзениот медал во категоријата до 53 килограми.
Горги Захариев во категоријата до 63 килограми и Филип Ангелов во категоријата до 74 килограми завршија како петти, додека Матеј Максимов во категоријата до 74 килограми остана без пласман.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
