Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов кој моментно ги брани боите на БК „Балканец“ од Штип се закити со титулата Државен шампион по одличниот резултат што го оствари денес на „Државното првенство во борење слободен стил за сениори“.
Ефтимов настапи во категоријата до 97 килограми и имаше импресивен настап бидејќи во сите пет борби оствари сигурни победи.
Инаку на првенството кое се одржа во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш учествуваа повеќе од сто борачи од сите клубови во Македонија.
С. Ивановски