Ознака: фк осогово
„ОСОГОВО“ СО ДЕВЕТ НОВИ ИГРАЧИ НА ВТОРОЛИГАШКИТЕ НАТПРЕВАРИ
До стартот на новото првенство во Втора Фудбалска Лига остануваат уште три дена. Кочанскиот второлигаш со девет нови играчи кои беа ангажирани во летниот период и со речиси комплетниот состав од минатото првенство ќе го започне натпреварувањето. Со почетокот на подготовките од клубот беше најавено дека главниот приоритет во летниот преоден рок е да се…
ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО ГФК „ОСОГОВО“
Во пресрет на првенството во Втора Фудбалска Лига кое е закажано за Сабота (17.08.2024 година) на ГФК „Осогово“ му пристапија двајца нови играчи. Се работи за Бојан Јаневски кој доаѓа од екипата на ФК „Вардар“ АД – Скопје и Никола Илиевски од ФК „Рудар 1947“ од Пробиштип. Како што наложуваат пропозициите за овој ранг на…
„ГЕНЕРАЛКАТА“ НЕУСПЕШНА ЗА „ОСОГОВО“
Денес во Кочани на стадионот „Никола мантов“ се одигра т.н. „генералка“ пред стартот на нокотот првенство во Втората Фудбалска Лига. Во која „Осогово“ му беше домаќин на новиот второлигаш „Вардарски“ од Богданци. Ако ова беше „генералка“ подобро првенството за кочанчани да не започне. Како и на натпреварот против „Каменица Саса“ кочанчани се покажаа во едно…
ВО „ГЕНЕРАЛКАТА“ „ОСОГОВО“ ГО ПРЕЧЕКУВА „ВАРДАРСКИ“
Утре (Сабота) со почеток во 17:30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани „Осогово“ ќе го одигра последниот натпревар од подготовките пред стартот на првенството во Втора Фудбалска Лига. Противник на кочанчани ќе биде новиот второлигаш, екипата на „Вардарски“ од Богданци. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ВРАТИЈА ДВА ЧЕКОРИ НАЗАД
Што туку љубителите на фудбалот во Кочани по победата на „Осогово“ против Штипска „Брегалница“ се понадеваа дека „Осогово“ има веќе состав за респект кога денес налетаа на просечната екипа на „Каменица Саса“ од која како домаќини загубија 1:2 (1:0). Ако денес за „рударите“ можеме да кажеме дека се просечна екипа, тогаш „жетварите“ по денешното издание…
„ЖЕТВАРИТЕ“ ЈА ПРЕСЛУШАА ШТИПСКА „БРЕГАЛНИЦА“
Со головите на Тоше Манов и Фикрет Ливарека (2) денес на стадионот во Пехчево „Осогово“ ја совлада условно кажано „домашната“ „Брегалница“ (Штип) со резултат 3:1 (2:0). Според нашиот известувач „жетварите“ одиграле мошне добар натпревар во кој знаеле што сакаат па ниту во еден момент нивната победа не била доведена во прашање. „Осогово“ по првото полувреме…
„ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ОД „ТРАЈАЛ“
Во првиот подготвителен натпревар во рамките на подготовките за претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига, „Осогово“ го претрпе и првиот пораз. Денес на фудбалскиот терен во Пехчево екипата на „Трајал“ од (Република Србија) го совлада Кочанскиот второлигаш со 3:1 (2:0). Гостите се покажаа како далеку поспремна екипа од „Осогово“ и сосема заслужено дојдоа до победа….
„ОСОГОВО“ ПРОДОЛЖУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Втора седмица по ред како „Осогово“ се подготвува за претстојното првенство во Втората Фудбалска Лига. По десет дневни подготовки „жетварите“ веќе утре (Четврток) го играат и првиот подготвителен натпревар. Противник ќе им биде екипата на „Трајал“ од Крушевац (Република Србија) а натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот терен во Пехчево. Што се однесува до играчкиот…
„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ
„Осогово“ стартуваше со подготовките пред претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига. Во саботата претпладне играчите на „Осогово“ предводени од Шефот на стручниот штаб Добримко Илиевски и неговите помошници го одработија првиот тренинг. Од клубот истакнуваат дека подготовките ќе бидат спроведени во Кочани а примарна цел е обезбедување опстанок во лигата но не како минатата година…
ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август. Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии…
