Ознака: фк осогово

СУДИЈАТА ЈОВАНОВСКИ ИМ ПОДАРИ ПЕНАЛ НА ДОМАЌИНИТЕ ПО КОЈ ГО ОТВОРИЈА РЕЗУЛТАТОТ
Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ на „жешкиот терен“ во Радовиш загуби од домаќините со 0:3 (0:1), но на поразот му кумуваше неразбирливата одлука на главниот судија Јордан Јовановски од Гевгелија кој во последните моменти од првото полувреме кога на сите играчи мислите им беа насочени во соблекувалната…

ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР, „ОСОГОВО“ ГО СОВЛАДА ПРВОЛИГАШОТ ОД КРАТОВО
Паузата во првенствата поради настапите на Македонската Фудбалска Репрезентација екипите на „Осогово“ и „Силекс“ ја искористија со одигрување на пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани а второлигашот „Осогово“ беше поуспешен и победи 3:1 (2:0). Со головите на Јован Дојчинов и Тоше Манов во првото полувреме кочанчани дојдоа до водство од…

ВО ФИНИШОТ НА НАТПРЕВАРОТ „РУДАРИТЕ“ ИСКОПАА БОД ВО КОЧАНИ
По сончево и пријатно време за игра, денес во Кочани во рамките на 8-то коло од Втората Фудбалска Лига „Осогово“ и „Каменица Саса“ одиграа натпревар кој не даде победник. И кога се ќе се собере сепак се чини дека нерешениот резултат е најправедниот исход на натпреварот, бидејќи домаќините во првото полувреме имаа и игра и…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОБЕДОНОСНИОТ ОД НА „ОСОГОВО“ ПРОДОЛЖИ И ВО НОВАЦИ
Поп првата победа во годинешното првенство која играчите на „Осогово“ ја остварија на домашен терен против „Беласица“, победоносниот од продолжи и денес. Имено „жетварите“ со борбена игра успеаја да ја забележат и првата годинешна победа на страна, победена е екипата на „Новаци“ со 2:1 (1:0). Играчките во „жолто-сини“ дресови денес се бореа за секоја топка….

СО СРЦЕ ОСТАВЕНО НА ТЕРЕНОТ „ОСОГОВО“ ДО ПРВАТА ВТОРОЛИГАШКА РАДОСТ
Со срце на теренот што го оставија играчите на „Осогово“, кочанскиот второлигаш стигна до првата второлигашка победа. Совладана е традиционално незгодната екипа на „Беласица“, но кога „Осогово“ ги совладува струмичани тоа го прави со стил. Така било од секогаш, така беше и денес бидејќи играчките на „Осогово“ во само две минути постигнаа два погодока и…

ВЕТУВАА СТАБИЛЕН ВТОРОЛИГАШ А ДОСЕГА БОД НЕ ОСВОИЈА
„Ќе се потрудиме не само да обезбедиме опстанок во втората лига туку да изградиме еден стабилен второлигашки клуб кој во блиско време би играл и во првата фудбалска лига“, така одеа коментарите на членови од управата на „Осогово“ за време на подготовките пред стартот на првенството во Втора фудбалска лига. Но сега, месец дена подоцна…

„ОСОГОВО“ КАКО БУРЕ БЕЗ ДНО
Ова не е случајност, ова веќе станува пракса, на кого и да му затребат бодови ќе си го чека натпреварот со „Осогово“ и било да го игра дома или на страна трите бода на контото му се сигурни. Така беше изминатите четири кола, така продолжи и во петтото коло во кое „жетварите“ го забележаа и…

„ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ВО ПРИЛЕП И ПАУЗАТА ВО ПРВЕНСТВОТО ЈА ДОЧЕКА СО 0 (НУЛА) БОДОВИ
Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига. И после ова коло „жетварите“ од Кочани останаа на последното место на табелата без ниту еден освоен бод. Кочанчани денес не успеаја иако играа со противник од кого можеа да земат барем бод а на „нивната воденица“ во прилог беше и што домаќините од 77’…

ТРИЛЕР НАДОПОЛНУВАЊЕ ВО КОЧАНИ, СРЕЌАТА ИМ СЕ НАСМЕВНА НА ГОСТИТЕ
По сончево но спарно време за игра денес во Кочани во рамките на 3-тото коло во Втора фудбалска лига, „Осогово“ го пречека хитот на првенството „Башкими“ од Куманово. Гледачите проследија интересен и возбудлив натпревар со трилер завршница. Се играше 96’ кога при резултат 2:2 домаќините беа во еден од последните напади кон голот на кумановчани….

ВО НАТПРЕВАР НА ДВЕ ПРОСЕЧНИ ЕКИПИ ПОБЕДА ЗА ДОМАЌИНИТЕ – „ТЕТЕКС“ – „ОСОГОВО“ 2:1 (1:1)
Се одиграа натпреварите од второто некомплетно коло во Втора Фудбалска Лига. Во просечен натпревар кој е далеку од второто по ранг натпреварување „Осогово“ на гостувањето во Тетово остана без бодови иако „жетварите“ беа тие кои го отворија резултатот. Се играше 7’ кога двајцата штопери на „Тетекс“ погрешија, тоа го искористи Паунов несомнено денес најдобриот поединец…