Ознака: иси

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – „АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ
Гол шоуто на Марио Благојевски беше доволно да се декласира екипата на „Карбинци“ во вториот полуфинален натпревар и „Академија Чешиново-Облешево“ да се провира во вториот финалист од годинешниот фудбалски турнир „Чешиново 2022“ кој се игра во склоп на Илинденските Спортски Игри. „Академците“ фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по првото полувреме благодарение на хет-трикот на…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ЕКИПАТА НА „СОКОЛАРЦИ“ ПРВ ФИНАЛИСТ
Екипата на „Соколарци“ е првиот финалист на годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“, откако денес во еден мошне добар одигран натпревар заслужено го совладаа минатогодишниот шампион „Чифлик“ со резултат 2:1 (1:0). И двете екипи истрчаа на теренот со желба за победа но играчите на „Соколарци“ беа тие кои ја диктираа играта. Како плод на таквата…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ
По одигрувањето на денешните два четвртфинални натпревари познати се полуфиналните двојки во годинешното 50 издание на Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“. Во првиот натпревар „Соколарци“ со високи 10:1 (5:1) ја совлада младата и неискусна екипа на „Слога Виница“, додека во вториот натпревар „Осогово“ – „Академија Чешоново-Обклешево“ мораше ударите од белата точка да го дадат и…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ЧИФЛИК ГИ СОПРЕ ДОМАЌИНИТЕ СО УДАРИТЕ ОД БЕЛАТА ТОЧКА
Се одиграа првите два четврт финални натпревари од годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“ кои беа изедначени и до самиот крај неизвесни. Најпрвин се одигра натпреварот „Чифлик“ – „Чешиново“ кој по регуларните 80 минути (на турнирот се игра 2 х 40 минути) заврши без победник па ударите од белата точка го дадоа првиот полуфиналист. Екипата…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ЗА ЧЕТВРТ ФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ
По синоќешната победа на „Осогово“ против „Слога Виница“ 3:1, инаку последна од натпреварите по групи познат е распоредот и двојките за четврт финалните натпревари кои се играат денес (Недела) и во Вторник. Осумте екипи заслужено се најдоа во нок-аут натпревари бидејќи најмногу покажаа во досегашниот тек на турнирот. Недела: 17:00 часот: „Чифлик“ – „Чешиново“ 19:00…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, МЛАДИТЕ ОСОГОВЦИ ГО ДЕКЛАСИРАА „СПАНЧЕВО“
Изминатите два дена (Понеделник и Вторник) се одиграа два натпревари во рамките на годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“. Најпрвин младинскиот состав на „Осогово“ во една мошне импресивна и преди се ефикасна игра го декласираа „Спанчево“ собладувајќи го со 6:1. Но доколку младите „жетвари“ беа посмирени во завршницата на акциите можеа да постигнат уште најмалку…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ – БЕЗ ПОБЕДНИК НА ДУЕЛОТ НА ЕКИПИТЕ ОД ИСТА ОПШТИНА
Во текот на викендот се одиграа два натпревари од годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“. Најпрвин во саботата „Академија Чешиново-Облешево“ загуби од Соколарци со 1:3, а додека во неделата во натпревар на екипи од иста општина немаше победник. Натпреварот „Чешиново“ – „Облешево“ заврши 1:1. Натпреварите продолжуваат денес и утре. Понеделник: 18:00 часот „Осогово“ – „Спанчево“…

„ИСИ ЧЕШИНОВО 2022“ – СИЛЕН СТАРТ НА „КАРБИНЦИ“ И „СЛОГА ВИНИЦА“
Во средата и четвртокот продолжија натпреварите на годинешните Илинденски Спортски Игри. Екипите на „Карбинци“ и „Слога Виница“ имаа успешен старт. Со играта што ја прикажаа двете екипи покажаа дека атакуваат на висок пласман на турнирот. Во средата екипата на „Карбинци“ го совлада „Облешево“ со 3:1, додека во четвртокот најпрвин „Слога Виница“ ја декласира екипата на…

ИСИ „ЧЕШИНОВО-2022“, ФУДБАЛ КОЈ ГИ ВООДУШЕВИ ГЛЕДАЧИТЕ
Во неделата продолжија натпреварите од годинешното 50. издание на Илинденските Спортски Игри „Чешново 2022“. Се одиграа два натпревари кои донесоа мошне квалитетен и преди се ефикасен фудбал од кој најголема корист имаа гледачите. Најпрви екипата на Жиганци со високи 6:2 го совлада Кучичино, за да потоа Академија Чешиново-Облешево го совлада Тркање со 4:0. Добрите временски…

ИСИ – ЧЕШИНОВО 2022 – МИНАТОГОДИШНИОТ ШАМПИОН СО ПОБЕДА ГО ОТВОРИ ГОДИНЕШНИОТ ТУРНИР
По облачно време и лизгав терен за игра денес на фудбалското игралиште во Чешиново започна годинешното 50. издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2022’. На отворањето на годинешниот турнир се одигра натпреварот Чифлик – Бање 2:1 (2:0). И двете екипи прикажаа квалитетен и интересен фудбал во кој минатогодишниот шампион Чифлик се покажа за нијанса како…
- 1
- 2