Ознака: полиција

НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ
Денес до претседателот на Владата, поднесовме Барање за разрешување на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како Грански независен синдикат на полицијата кој брои над 4.000 членови, во чиј состав влегува Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, како репрезентативен синдикат на ниво на Министерството, синдикат кој застана зад Министерот Цветан Трипуновски во…

ОВР КОЧАНИ СО ПОДДРШКА НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“
Дел од полициските службеници од ОВР Кочани денеска (04.05.2025) со велосипеди самоиницијативно и се приклучија на групата од над 300 граѓани кои преку велосипедската тура “По патеката на оризот” низ градот Кочани им одадоа почит на прерано починатите млади луѓе во пожарот во дискотеката “Пулс”. Секако тука не изостана и полициското сообраќајно обезбедување на велосипедската…

„ВОЗИ ОДГОВОРНО, ЧЕСТИТ 8 МАРТ“
По повод празникот 8 Март, вчера Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Полициската станица – Кочани, Општина Кочани и ученици од Медиумскиот клуб „Ким Ко Инфо“ при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани спроведоа празнична акција под мотото „Вози одговорно, честит 8 Март“, со цел подигнување на свеста за важноста на жените…

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА СВР ШТИП
Денеска (25.12.) во општинските основни училишта „Малина Поп Иванова“ и „Раде Кратовче“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани одржаа едукативно предавање на тема: „Петарди не – безбедност пред се“, а во врска со користењето на пиротехнички средства од страна на децата. На предавањето беа презентирани низа факти, особено за ризиците од употребата на пиротехнички…

МАРИЈА МАНЕВСКА НАЗНАЧЕНА ЗА НАЧАЛНИК НА ОВР КОЧАНИ
Марија Маневска е назначена за нов началник на ОВР Кочани. По дипломирањето на Државниот факултет за безбедност Маневска се има веќе стекнато со една деценија работно искуство. На оваа одговорна функција доаѓа на местото на сега веќе бившиот началник Горан Сандевски. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

ОД УТРЕ (15. НОЕМВРИ) ВОЗАЧИТЕ ТРЕБА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПОСЕДУВААТ ЗИМСКА ОПРЕМА
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19,…

НАЧАЛНИК ВО ОВР КОЧАНИ ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ЗА ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ – КОЧАНИ
Поради високите температури низ цела држава се зголемува и опасноста од избувнување пожари на отворен простор, пред сѐ во планинските предели, па така на подрачјето што го покрива Полициската станица од општа надлежност – Кочани, има зголемена појава на пожари. Полициската станица од општа надлежност – Кочани апелира до граѓаните од општините на подрачјето на…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОВР КОЧАНИ
Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција. На акцијата крв даруваа 13 крводарители. Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Службата за трансфузиона медицина – Кочани. Црвен крст Кочани во…

ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ
Со отпочнувањето на матурските и полуматурските свечености, како во целата држава, така и на подрачјето што го покрива Полициската станица од општа надлежност — Кочани, зачестена е појавата на асоцијално и девијантно однесување на младата популација, особено на лицата кои оваа година го оформуваат средното образование. Од тие причини апелираме до сите граѓани, а посебно…