Ознака: пожар

ИЗБУВНАЛ  ПОЖАР  ВО  КУЌА,  ПОВРЕДЕНИ  НЕМА

ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО КУЌА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА

На 21.02.2023 во 23.40 часот во СВР Штип, А.В.(28) од Кочани пријавил дека околу 22.50 часот настанал пожар во неговата куќа на ул.„Поп Арсов Блаже“ во Кочани. Пожарот бил изгаснат, а повредени  лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани. СВР Штип – Соопштенија КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ВО  МОМЕНТОТ,   ШУМСКИ  ПОЖАР  НАД  „МЕГДАНОТ“

ВО МОМЕНТОТ, ШУМСКИ ПОЖАР НАД „МЕГДАНОТ“

Екипи од Територијалната Противпожарна Единица – Кочаниво моментот се на терен. Го гаснат пожарот што избувна над м.в. „Мегдан“. Засега немаме информации што гори и колкава површина има зафатено пожарот, но ќе бидеме во тек и ќе ги известиме нашите читатели штом добиеме информации. С.  Ивановски

ПОЖАР  ВО  ВНАТРЕШНОСТА  НА  ПАТНИЧКО  ВОЗИЛО  „ФОРД“

ПОЖАР ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ПАТНИЧКО ВОЗИЛО „ФОРД“

На 10.02.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Кочани, А.Т. пријавил дека ноќта на 09/10.02.2023 околу 03.15 часот на ул. ,,Мородвишка епископија“ во Кочани настанал пожар во внатрешноста на неговото патничко возило „форд“. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани. ИЗВОР: Соопштение од…

ПОЖАРНИКАРИ  И  ДОБРОВОЛЦИ  ОД  КОЧАНИ  НА  ГАСНЕЊЕ  НА  ПОЖАРИТЕ  ВО  МАЛЕШЕВИЈАТА  И  КАЈ  БЛАТЕЦ

ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ОД КОЧАНИ НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И КАЈ БЛАТЕЦ

Во гаснењето на пожарот кој вчера избувна кај селото Митрашинци (Берово) и оној кој денес што се појави над селото Блатец (Виница) активно учество зедоа и пожарникари од ТППЕ – Кочани и од ДПД – Кочани. Во гаснењето на пожарот кај Митрашинци испратено е едно противпожарно возило, еден пожарникар и четири доброволци од Доброволното Противпожарно…

СО  НАВРЕМЕНА  ИНТЕРВЕНЦИЈА  ИЗГАСНАТ  И  СПРЕЧЕНО  ШИРЕЊЕТО  НА  ПОЖАРОТ  КАЈ  ВРАНИНЦИ

СО НАВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ИЗГАСНАТ И СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ КАЈ ВРАНИНЦИ

Со интервенција на три возила и девет пожарникари потпомогнати со шест доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани пожарот кој денес попладне избувна кај Вранинци е успешно ликвидиран. Во пожарот кој бил пријавен во 12:30 часот причинета е материјална штета, изгорени се два хектари нискостеблеста шума и оштетени се три објекти кои не биле населени….

ВО  КРУГ  НА  ФАБРИКА  ПОЖАР  НА  ТОВАРНО  МОТОРНО  ВОЗИЛО

ВО КРУГ НА ФАБРИКА ПОЖАР НА ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО

На 29.06.2022 во 12.12 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот настанал пожар на товарно моторно возило „ивеко“, паркирано во круг на фабрика во Кочани. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор од Дирекцијата за заштита…

ВО  ПОЖАР  ИЗГОРЕЛЕ  ПЛЕВНА  И  ПОВЕЌЕ  ПЧЕЛНИ  СЕМЕЈСТВА

ВО ПОЖАР ИЗГОРЕЛЕ ПЛЕВНА И ПОВЕЌЕ ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА

На 28.06.2022 околу 21.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Бурилчево, кочанско, на место викано „Горна маала“, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил поголема површина, при што изгореле плевна и поголем број на пчелни семејства сопственост на Т.Ј и Д.Ј. од с.Бурилчево. Од екипи на Територијалните противпожарни единици…

ОД  УТРЕ  (24.ЈУНИ)  ДЕЛУМНА  ЗАБРАНА  ЗА  ДВИЖЕЊЕ  ВО  ШУМИ  И  ШУМСКО  ЗЕМЈИШТЕ,  КАЗНИТЕ  ОД  1.500 – 2.000 ЕВРА

ОД УТРЕ (24.ЈУНИ) ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ, КАЗНИТЕ ОД 1.500 – 2.000 ЕВРА

Јавното Претпријатие  „Национални шуми” – Скопје поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите кое пак даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 06:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува со…

ВНИМАВАЈТЕ!  МАЛО   НЕВНИМАНИЕ  МОЖЕ  ДА  ПРЕДИЗВИКА  ПОЖАР  СО  ТЕШКИ  ПОСЛЕДИЦИ

ВНИМАВАЈТЕ! МАЛО НЕВНИМАНИЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ

По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари, особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите.   Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни…

КРИВИЧНА  ПРИЈАВА  ЗА  ЛИЦЕ  ОД  КОЧАНИ  ПОРАДИ  ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава  против О.А.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 26.09.2021 на Градски пазар во Виница, пријавениот предизвикал пожар во патничко возило „Опел Астра“, сопственост Ф.А. од Кочани. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР