Ознака: сдсм
ОО СДСМ КОЧАНИ – РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ
Почитувани сограѓани, Лица без лиценци ги водат училиштата во Кочани. Во истите веќе постоечките кадри кои имаат лиценци за вршење на ваква дејност, спротивно на Законот – Градоначалникот не ги назначува! Кадарот на ДПНЕ не може да положи испит, кој е неминовен за да се води образовна институција. Не требаше многу да помине за да…
ЛК СДММ КОЧАНИ – АЛАРМ ЗА ХУМАНОСТ
Почитувани, ЛК СДММ Кочани организира хуманитарна акција за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија. Ги повикуваме сите хумани граѓани да донираат конзервирана храна, ќебиња, зимски семејни шатори, греалки на струја, вреќи за спиење, столици и креветчиња на расклопување, кујнски сетови секој ден од 13.02 до 17.02 во просториите на ОО СДСМ Кочани…
ОДРЖАНА ГРАЃАНСКА ТРИБИНА НА СДСМ ВО КОЧАНИ, „СИЛНО И ОДЛУЧНО КОН ИДНИНАТА“
Под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Кочани одржа централна трибина за граѓаните. На трибината присуствуваше претседателот на СДСМ и премиер на Р. Македонија, Димитар Ковачевски, високо партиско раководство на СДСМ, министри од Владата и граѓани. Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски дискутираше за мерките и политиките на СДСМ…
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ
СО НОВАТА ЦЕНА НА ВОДАТА – НОВ ЦЕНОВЕН ШОК Почитувани, На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода. Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет….
РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ДПМНЕ
ЛИЦЕМЕРИЕТО ПРОДОЛЖУВА… Почитувани челници на ДПМНЕ, За неверување е колку ги потценувате нашите сограѓани и по милионити пат се трудите дрско и бесрамно да ги излажете. На последната седница на Совет која се одржа во саботата го гласавте мораториумот за вработување во КЈП „Водовод“ до 31 декември 2022 година и поддржавте план со кој „Водовод“…
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ (29.10.2022)
Почитувани сограѓани, На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање! Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност! Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани! Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само…
СООПШТЕНИЕ – ОО НА СДСМ – КОЧАНИ 21.10.2022 – НА ЛИЦЕМЕРИЕТО ДА МУ СЕ НЕМАЛО КРАЈ
НА ЛИЦЕМЕРИЕТО ДА МУ СЕ НЕМАЛО КРАЈ Без никаков срам, без никаква почит спрема нашите сограѓани – се шетаат и промовираат проекти за кои ни одблизу немаат никаков удел. Па и нивниот ментор Мицковски, наместо да си ги гледа своите хидроцентрали и да си ги планира следните инвестиции, бескрупулозно доаѓа да ја лаже и манипулира…
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ
ОКТОНВРИ – МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА Почитувани, Октомври е светски месец за борба против ракот на дојка. Месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври е месец кога секоја од нас се чувствува поинаку и на свој начин ја дава својата поддршка – некои од…
ОО СДСМ КОЧАНИ, РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ДПМНЕ ОД 04.10.2022
Почитувани, Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа…
СООПШТЕНИЕ НА ОО СДСМ КОЧАНИ 03.10.2022 НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА
Почитувани, Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!? Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања…