Ознака: шах

ИНИЦИЈАТИВАТА ШАХОТ ДА СТАНЕ ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КОЧАНИ – РЕАЛНОСТ
По иницијатива на Претседателот на Совет на родители при ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Магдалена Михаилов, а со поддршка на директорот на училиштето Драган Трајчев и професорот Тони Стојанов, учениците: Марко Ивановски, Михаил Гушков, Јане Манасиев и Ален Момчилов учествуваа на Меморијалниот турнир во шах „Тодор Милосиев- Тошо”. Како што истакнаа од училиштето целта за…

ЧЕТВРТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“ ЗА ВАНЧО СТАМЕНКОВ
Дваесет шахисти од Кочани одиграа седум кола по Швајцарски систем од по 10 минути на четвртиот по ред Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак на сеќавање на некогашниот нивни натпреварувач а подоцна и Претседател Тодор Милосиев – Тошо. Шахистите од различни генерации меѓу кои и четири…

В НЕДЕЛА 11 МАЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 4. МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“
Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 11 мај 2025 година, по четврти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“. Турнирот е во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации. Сите љубители на шахот коишто сакаат да учествуваат на турнирот можат…

ОДРЖАН ПРЕДНОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ШАХ
Денес во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ се одржа најавениот „Предновогодишен турнир во шах“ на кој учествуваа 16 шахисти од најразлични категории и сите од Општина Кочани. Се играше на 8 табли Швајцарски систем, 6 кола по 10 минути. Беа одиграни повеќе интересни и неизвесни партии што само по себе зборува за големината на турнирот….

ПРОЕКТОТ „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Денеска ЈОУ Библиотека, ,Искра” го реализираше вториот дел од едукативната програма ,,Споделување знаење за играта шах” во соработка со Шаховскиот клуб ,,Кочани” Кочани, на која учесници беа учениците од IV одд.од ОУ,,Св.Кирил и Методиј ” Кочани, заедно со наставниците ментори Марина Петрова и Сузана Горгиева. Најмладите ги поздрави актуелниот претседател на ШК „Кочани“ Благоја Ситновски…

МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „СИЈАРИНСКА БАЊА 2024“
Една од најголемите шаховски надежи во Македонија некогашниот член на Шаховскиот Клуб „Кочани“ а моментално член на Шаховскиот Клуб „Алкалоид“ од Скопје Матеј Диванисов е победник на шаховскиот турни „Сијаринска бања 2024“ кој во организација на ШК „Горња Јабланица“ се одржа во Сијеринска бања во областа Медвеџа (Србија). Матеј настапи во групата шахисти до десет…

В НЕДЕЛА, 28 АПРИЛ ЌЕ СЕ ОДРЖИ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО
Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 28 април 2024 година, по третпат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации. Сите заинтересирани љубители на шахот коишто сакат да учествуваат на турнирот можат да се…

ВЕЛЕМАЈСТОРОТ ТРАЈКО НЕДЕВ ОДИГРА СИМУЛТАНКА ВО КОЧАНИ
Во новоотворените простории на Шаховскиот Клуб „Кочани“ денес Велемајсторот Трајко Недев одигра симултанка со кочанските шахисти. Симултанката беше на 12 табли а по нејзиното завршување само еден шахист успеа да одигра реми, додека сите останати единаесет шахисти претрпеа порази. Честа да му одзеде половина поен на велемајсторот Трајко Недев и припадна на Македонската шаховска надеж…

ШАХОТ ОД ДЕНЕС СЕ ВРАЌА ВО НОВОУРЕДЕНИ ПРОСТОРИИ
Од денес шахистите од Шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, и официјално се враќаат во старата база, во просториите на блок А во Градскиот Трговски Центар во Кочани. По тој повод новоизбраниот Претседател на ШК „Кочани“ Благој Ситновски одржа прес конференција на која ги запозна медиумите од општината со целта на возобновувањето на шаховскиот клуб. …

БЛАГОЈ СИТНОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ШАХОВСКИ КЛУБ „КОЧАНИ“
По пауза од неколку години изминатата сабота Шаховскиот клуб „Кочани“ одржа Изборно Собрание на кое беа избрани новите тела кои ќе раководат со клубот во периодот што следува. За нов Претседател е именуван Благој Ситновски а за Секретар Методи Кузманов. Никола Давитков е именуван за Технички секретар кој ќе биде одговорен за организација на претстојните…
- 1
- 2