Ознака: смет
УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕИЗМЕТЕНА!
Полека но сигурно улицата „Раде Кратовче“ станува тема број еден во општината. Ако за поставување на нов асфалтен слој беше потребно да помине година дена сега ќе треба жителите од оваа доста фреквентна улица да чекаат месеци за да новиот раководен тим што е поставен во КЈП „Водовод“ – Кочани за одржување на хигиената на…
ИСЧИСТЕН СМЕТОТ ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО
Минатите денови социјалните мрежи беа вжештени од коментарите на жители од населбата „Трајаново трло“ за сметот што беше насобран околу наменското игралиште. Жителите без совест и срам од овој потег на градот до игралиштето каде треба дечиња да си играат беа создале дива депонија која денес екипа од КЈП „Водовод“ ја исчисти. Сметот се собираше…
ГОСПОДА, ЕВЕ ВИ ШАНСА ДА ГО ПРОНАЈДЕТЕ СТОРИТЕЛОТ
Утринава тротоарот пред „Мултикултурниот Центар“ во Кочани осамна со нов гостин. Во вечерните или раните утрински часови се погрижил некоја наш „сограѓанин“ да си исчисти она што не му е потребно па веќе употребената машина за перење ја оставил онаму каде и не и местото. Минатиот Совет на Општина Кочани има донесено одлука вакви цврсти…
САМОВОЛИЕТО ПРОДОЛЖУВА
Како што не информира наш читател пред дваесетина минути кај „Градскиот Плоштад“ пред обложувалницата „Моцарт“ фрлено е ова што е на фотографиите. Самоволието на поединци продолжува со забрзано темпо. КЈП „Водовод“ ќе собере и ова, но граѓаните треба да знаат дека за собирање на ваков отпад ќе треба посебно возило затоа и минатиот состав на…
ГЛУПОЌАТА НЕМА ГРАНИЦИ, СО КОГО СЕ ЖИВЕЕМЕ?
Сликите ги добивме пред малку а направени се во централното градско подрачје, поточно на улицата „Кеј на Револуцијата“ неколку метри пред „ТТК Банка“. Со фрлање на смет поточно на се она дома што му сметало во предвечерието на големиот Македонски празник „Илинден“ само покажува каков му е металниот склоп на оној што ова го направил….
ПРОСТИОТ ШТО ЌЕ НАПРАВИ НИ ПЕТ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА НЕ МОЖАТ ДА ИСЧИСТАТ
Изминатиот период објавувајќи писма, записи, фотографии од нови и нови диви депонии, од нечисти улици, од расфрлан смет околу контејнерите имавме за цел да ги иритираме надлежните во општината за одржување на чистотата во градот се со цел да се веднаш реагира и она што претставува грда слика на Кочани да биде отстрането. Во текот…
СПРОВЕДЕНА ЕКО-АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ
Денеска беше спроведена еко-акција за расчистување на сметот на три локации во градот. Во денешната еко-акција учествуваа вработени од општинската администрација, градоначалникот на Општина Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, a поддршка на акцијата со работна екипа и механизација даде Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. Расчистувањето се вршеше на локциите Асном, Калиманова глава и кај Градскиот…
СМЕТОТ НЕКОЈ ТРЕБА И ДА СОБЕРЕ
Добро е што се постави контејнер на патниот правец Кочани-Гратче во непосредна близина на „Бавчалук“ но не е добро што ретко се собира сметот од и околу него. Тоа е заклучокот на љубителите на природата и оние кои често го користат овој патен правец за шетање. Миризбата посебно на овие високи температури како што истакнуваат…
ГЕРИЛА АКЦИЈА – „КОНТЕЈНЕРИ“
Нова локација, нова герила акција, стари навики. Повторно ноќни лудории, повторно расфрлање смет на сите страни, па дури и наопаку свртени контејнерите кои се токму да го собираат сметот. Очигледно некој сака Кочани да биде нечист град и да си поигрува со чувствата на оние кои Кочани си го познаваат како еден од најчистите градови…
РЕАКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ШТО ЖИВЕЕ ОКОЛУ ПД „АСНОМ“
Населението што живее околу Пионерскиот Дом „АСНОМ“ ги замолува надлежните во општината да доколку се во можност испратат екипи за да се исчисти околината од расфрланиот смет кој ја нарушува чистата животна средина. Посебен проблем за нив како што наведуваат е насипот од јужната страна на „АСНОМ“ кај некогашното спортско детско игралиште кое личи на…