ОШТЕТЕНИТЕ ПЛОЧКИ ЗАМЕНЕТИ, СМЕТОТ И ПЕСОКОТ ОСТАНАА

јули 17, 2023
1 минути

Навиките тешко се искоренуваат, а за тоа сведочи сметот на плочникот во Трговскиот центар пред блокот „А“ и оставениот песок на тротоарот.

Санацијата на дел од оштетените плочки во Трговскиот центар започна точно една седмица пред празникот на градот „Петровден“, се заменуваа оштетените мермерни плочи пред блоковите „А“ и „Б“ и оштетените мермерни плочи на скалите .

Санацијата пред неколку денови е завршена но зачудува недомаќинскиот однос на оние кои ја завршија истата. Сметот на плочникот пред блокот „А“ уште стои а и песокот на тротоарот, песок кој може да се искористи онаму каде што е потребно.

До кога ќе стои и сметот и песокот кој дава една грда слика не можеме да претпоставиме, но јавно го повикуваме изведувачот да си ги собере и едното и другото.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ