Ознака: улици

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“ ВО КОЧАНИ
Заврши рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани. Изведувачот на работите „Стоименов“ работеше на потег долг 600 м, со ширина 5 метри. Со рехабилитацијата е опфатен и дел од улицата „Христијан Карпош“. Средствата во износ од 3.558.467 денари се од Буџетот на Општина Кочани. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ …

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ТРИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ
Поради градежни активности, во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улиците „Цар Самоил“, „Гемиџии“ и „Тодосија Паунов“. Времениот режим на сообраќајот за „Цар Самоил“ се однесува за потегот од крстосницата со улицата „14 Бригада“ до крстосницата со улицата „Гоце Делчев“. За улицата „Гемиџии“, времен режим на сообраќајот има на потегот од улицата…

КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ И ОШТЕТЕНИ АСФАЛТНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Деновиве градежна механизација работи на крпење на ударните дупки и на оштетените асфалтни површини на улиците во Кочани. Избраниот изведувач „Стоименов“ изврши поправки на оштетениот асфалт на улицата „Бел камен“, а наредниов период ќе се работи на идентификувани локации низ општината. Од Секторот за уредување на градежното земјиште информираат дека за тековната година за крпење…

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ТОДОСИЕ ПАУНОВ“
Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосие Паунов“ пред Полициската станица – Кочани. Се реконструира левиот крак на улицата во ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри. Во склоп на работните активности се вклучува и замена на 5 канализациони шахти и 2 сливници. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани. Воедно…

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ИЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО КОЧАНИ
Активностите за рехабилитација на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани деновиве продолжуваат со поставување на првиот слој асфалт од нејзиниот северен дел. На делот од улицата кај Градскиот пазар во тек е тампонирање на коловозот и уредување на тротоарите. Улицата „Гоце Делчев“ се рехабилитира во должина од 690 м, а изведувач на работите е „Ескаватори“. При…

УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СТАНА УЛИЦА НА УЖАСОТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Наместо улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ во Кочани да бидат со реновирањето улици за несметан проток на луѓе и сообраќај, денес по неколку месеци истите а посебно улицата „Гоце Делчев“ стана улица на ужасот. Жители од улицата „Гоце Делчев’ континуирано се јавуваат и испраќаат фотографии од прекопани тротоари, ископан асфалт и така оставено на…

И ПОНАТАКА КЈП „ВОДОВОД“ ОСТАВА ХАОС ПО „ЗАВРШЕНАТА“ РАБОТА
Вработените од КЈП „Водовод“ никако да ги сменат навиките. Години наназад сме сведоци од реакции на граѓани за започната а незавршена работа до крај. Денес добивме реакција од жители од улицата „4. Македонска бригада“ кои реагираат на однесувањето на вработените од КЈП „Водовод“ – Кочани. Имено, како што изјавуваат во петокот вработени од комуналното претпријатие…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА КОЧАНСКА РЕКА
Во тек се градежни работи од двете страни на Кочанска Река, во близина на Градскиот пазар. Се работи на ископ на тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, а КЈП „Водовод“ изработи шахта за премин на водоводната линија преку реката. Улицата „Гоце Делчев“ ќе биде рехабилитирана во должина од 690 м. На ул. „Борис Трајковски“ се поставуваат…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Во тек се работите за изградба на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Градежната фирма „Коле транс“, како избран изведувач, работи на ископ и тампонирање на траса долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани. Деновиве, во населбата Драчевик,…

ИСКРШЕНИ РЕШЕТКИ И ЛОШОТО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ ЗА ВОЗАЧИТЕ
Зачестија поплаките од учесниците во сообраќајот посебно возачите за проблемите со кои секојдневно се судруваат додека возат низ улиците во градот. Како што не известуваат најголемиот проблем им претставуваат искршените и неквалитетно изработени бетонски решетки, незакрпените улици а и многуте нерамнини на улиците. „Срамота е да се живее во населено место кое се вика град…