ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ И ПАДНАТИТЕ ДРВА И ГРАНКИ

ноември 26, 2023
1 min read

Вработените во Сектор градско зеленило вечерва во координација со Општина Кочани со сопствена механизација и работна сила активно учествуваат во расчистување на наносите од снег кои паднаа вечерва. Приоритет се главните сообраќајници во градот, кружните текови како и влезовите на Кочани.

Вработените во Сектор градско зеленило вечерва со сопствена механизација и работна сила активно учествуваат во расчистување на паднати дрва од снегот кој врнеше вечерва. Се расчистуваа паднати дрва и гранки на повеќе сообраќајници во градот и населените места во Кочани.

Вечерва поради проблеми со електричната енергија имаше краткотрајни прекини и во водоснабдувањето до крајните корисници во повеќе зони во градот. Проблемите со електричната енергија се надминати по што ќе следува тековно нормализирање на водоснабдувањето до крајните корисници.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот!

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ