ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ И ПСК „ОСОГОВО“

октомври 17, 2023
1 минути

Денес во просториите на ООУ „Раде Кратовче“ беше потпишан Меморандум за соработка меѓу истоименото училиште и ПСК „Осогово“ од Кочани.

Целта на овој меморандум ефикасна, континуирана и координарана соработка во однос на развојот стручното образование и и обука, како и усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво.

Во Меморандумот што е потпишан меѓу другото стои дека двете страни потписниците на Меморандумот се согласуваат дека на младите им треба здрав дух за да имаат здраво тело, да бидат физички и ментално цврсти, бидејќи само прелу здрава младина има и здраво општество.. Инаку целта на младинската секција на ПСК „Осогово“ од Кочани е омасовување на планинарството, дружење и едукација. Младинската секција „Осогово јуниор“ е да се побуди интересот кон планината и природата кај помладите,  да научат за убавините и опасностите при престој во планина. Секцијата треба да му овозможи на секое дете кое сака да планинари како најдобро да се подготви, да научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција.

ПСК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ