ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЌЕ ОДИГРА ЛИ „ОСОГОВО“ ДОБАР НАТПРЕВАР НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН?

мај 5, 2023
1 min read

Во Недела со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 21-то претпоследно коло во Трета Фудбалска Лига – исток.

Лидерот на табелата и новиот шампион „Осогово“ гостува во Богданци но навивачите на „жолто-сините“ по двата неуспешни гостувања  (пораз и реми) со право се прашуваат, дали нивните миленици ќе одиграат еден добар натпревар на гостински терен. „Осогово“ обезбеди бараж за влез во Втора Фудбалска Лига  но Шефот на Стручниот штаб на кочанчани Ефтим Аксентиев мака мачи последните две седмици да одработи еден комплетен тренинг. Имено некои играчи по освојувањето на првото место како да не се повеќе заинтересирани да ги одработуваат тренинзите па затоа и со право се поставува прашањето дали „Осогово“ спремно ќе го дочека бараж натпреварот.

Двојки за 21-то коло:

„Вардарски“ – „Осогово“

„Спартмани“ – „Брегалница сениори“

„Дојранско Езеро“ – „Академија Чешинови-Облешево“

„Малеш“ – „Овче Поле“

„Тиверија“ – „Карбинци“

Екипата на „Рудар“ е слободна во ова коло.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ