Се одиграа преостанатите три натпревари од 20-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Ако на вчерашните два натпревара беа постигнати шест погодоци, дене се играше доста ефикасен фудбал, на преостанатите три натпревари се постигнати вкупно 20 погодоци.
Во Чешиново „Малеш“ ги декласира „академците“, постигнати се десет погодоци, а доколку се искористија сите шанси ефикасноста можеше да биде и поголема.
Во Карбинци истоимениот домаќин доживеа пораз. Екипата на „Вардарски“ беше подобар противник, ги изненади домаќините и заслужено ги носи трите бода во Богданци.
„Спартмани“ како домаќин не дозволи изненадување, беше подобар противник од „рибарите“ од Дојран и во натпревар со шест постигнати погодоци трите бода ги задржаа за себе.
Комплетни резултати од 20-тото коло:
„Брегалница – сениори“ – „Осогово“ 2:2
„Рудар“ – „Тиверија“ 2:0
„Карбинци“ – „Вардарски“ 1:3
„Спартмани“ – „Дојранско Езеро“ 4:2
„Академија Чешиново-Облешево“ – „Малеш“ 3:7
Во ова коло слободна беше екипата на „Овче Поле“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ