Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток. По нерешениот резултат на домашен терен во Турново а по победата на „Победа“ во пробиштип, екипата од Валандово е на првата позиција на табелата.
Во ова коло на три натпревари триумфираа гостите, на еден натпревар славеа домаќините, додека еен натпревар заврши без победник.
На петте натпревари постигнати се 16 погодоци или во просек 3,6 по натпревар.
Најголемото изненадување во 5-тото коло го направи екипатта на „Ударник“ откако славеше на гостински терен во Свети Николе/. Екипата на „Малеш“ ја забележа првата победа додека Делчевци имаа одличен улов против „Дојранско Езеро“.
Резултати од 5-тото коло:
Овче Поле – Ударник 1:2
Рудар – Победа 0:1
Дојранско Езеро – Брегалница (Д) 0:3
Хоризонт Турново – Карбинци 3:3
Малеш – Тиверија 4:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ