Се одиграа натпреварите од 4 коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Фаворитите прокнижија по три бода. Екипите на „Овче Поле“ и „Дојранско Езеро“ се без ниту еден изгубен бод и за тоа кој ќе биде прв по првиот дел од натпреварите ќе одлучи нивниот меѓусебен дуел следното коло во Свети Николе.
Резултати од 4 коло:
„Дојранско Езеро“ – „Карбинци“ 2:0
„Чешиново 2015“ – „Рудар“ 1:4
„Малеш“ – „Овче Поле“ 0:1
На табелата водат „Овче поле“ и „Дојранско Езеро“ со по 12 бода, пред „Рудар“ 4, „Малеш“ 2, „Карбинци“ 2, „Чешиново 2015“ 1 бод.
Во следното 5 коло се среќаваат:
„Овче Поле“ – „Дојранско езеро“
„Карбинци“ – „Чешиново 2015“
„Рудар“ – „Малеш“
С. Ивановски