Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ по катастрофалното издание во Градско Балдовци каде загуби од домаќинот „Спартмани“ ја пречекува комшиската екипа на „Академија Чешиново-Облешево“.
Факт е дека играчите на „Осогово“ ништо не одиграа во четвртото коло кога загубија со 0:1, факт е дека причина е слабата игра и незалагањето на поголемиот број на играчи, но факт е дека сите тие на некој начин се платени и треба сето тоа кога се на теренот да го одработат.
Во изминатите четири кола „жетварите“ со две лица, дома како лавови а на страна како зајаци. Но шансата да се исправи загубеното е веќе во недела.
Двојки од 5. коло:
„Осогово“ – „Академија Чешиново-Облешево“
„Рудар“ – „Брегалница“ (Д)
„Карбинци“ – „Овче Поле“
„Вардарски“ – „Спартмани“
„Тиверија“ – „Дојранско езеро“
„Победа“ (В) – „Малеш“
С. Ивановски