Пред почетокот на натпреварот „Слога 1934“ – „Карбинци“, одигран во рамките на Трета Фудбалска Лига – Исток, Претседателот на Трета Фудбалска Лига – Исток Александар Андов на капитенот на „Слога 1934“ му го врачи шампионскиот пехар.
Во честитките за освоената шампионска титула се вклучи и екипата на „карбинци“ чии играчи со шпалир направен на теренот ги поздравија играчите на „Слога 1934“.
Резултати од 17-тото коло:
Слога 1934 – Карбинци 7:1
Светлост – Дојранско Езеро 1:0
Ударник – Хоризонт Турново 1:4
Брегалница – Овче Поле 0:0
Тиверија – Малеш 4:4
На првото место е Слога 1934 со 48 бода пред Брегалница со 29, Овче Поле и Карбинци со по 25.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ