Како што ни јавува жител од улицата раде Кратовче во Кочани дене е трети ден како истекува вода на асфалтот. Реагирано е кај надлежните но од таму без реакција.
„Трети ден како од под асфалтот тече вода а нема кој да реагира. Дали е пукната некоја цевка или не не знаеме но дека има дефект се гледа. Затоа ќе ве молиме да објавете можеби некој ќе сака да дојде и да го отстрани дефектот. Инаку ова е улицата Раде Кратовче во близина на етно куќата. Соседите интервенирале во Водовод но од таму никој никаде го нема а по се изгледа истекува чиста вода за пиење. Се надеваме дека ќе објавите за што ви благодариме“, стои во краткиот допис од наш сограќанин.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ