Во организација на Боречкиот Клуб „Неготино“ и Боречката Федерација на Македонија, денес во Неготино се одржа Меморијален турнир во борење „Јован Димитров“.
На турнирот екипата на „Спартак“ од Кочани учествуваше со четири борачи кои на крајот освоија 3 први и 1 трето место.

Со златниот медал се закитија: Јован Илиев до 44 килограми, Даријан Павлев до 58 килограми и Филип Ангелов до 68 килограми.
Бронзениот медал му припадна на Павел Темелков до 68 килограми.
Убав старт пред новата сезона за борачите на „Спартак“

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

 
	
	 
		 
	 
	 
 
   
     
   
     
   
     
   
     
   
     
	 
	 
	 
	 
	 
	