Како што ни јавуваат вчерашниот неработен ден на големиот празник „Св. Кирил и Методиј“ на „Царев Врв“ вриело како во кошница.
Традицијата продолжи и оваа година, Голем број на љубители на природата со мотори и џипови се искачија на врвот и буквално го окупираа.
За да не се случи нешто несакано на врвот присуствуваа и 8 спасители со 2 теренски возила од Доброволната планинска спасителска служба од Кочани.
Собирот поминал во најдобар ред,
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ