Во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на повеќенаменското спортско игралиште денес започнаа натпреварите од 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.
Екипите ги поздрави Александар Андов – Претседател на ОФС Кочани, а турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина кочани, Љупчо Папазов.
Во првиот натпревар еден од фаворитите за највисок пласман „Фичобарбер Шери казино“ ја совлада симпатичната екипа на „Магни Фициент“ со резултат 10:0 (6:0), додека во вториот натпревар „Авто Велт“ го совлада „Мастер Мустафа“ 5:2 (4:2).
Утре продолжуваат натпреварите:
19:00 часот „Џинџер бар“ – Рели“
20:00 часот „Аледар“ – „Ефремови“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ