Во новоотворените простории на Шаховскиот Клуб „Кочани“ денес Велемајсторот Трајко Недев одигра симултанка со кочанските шахисти.

Симултанката беше на 12 табли а по нејзиното завршување само еден шахист успеа да одигра реми, додека сите останати единаесет шахисти претрпеа порази.

Честа да му одзеде половина поен на велемајсторот Трајко Недев и припадна на Македонската шаховска надеж Јована Давиткова.
Убав начин за промоција на шахот во Кочани.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
