ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ

април 20, 2025
0 минути

Почитувани сограѓани,

Велигден е празник на надежта, светлината и обновата. Во овие денови кога го славиме воскресението како симбол на победата на животот над смртта, нашите мисли се особено со сите што поминуваат низ болка, тага и неизвесност.

Оваа година празничните ѕвона одекнуваат со длабока почит кон изгубените животи, со солидарност кон повредените и нивните семејства и со огромно сочувство кон родителите што ја живеат најголемата загуба. Нивните маки и маките на оние што се лекуваат нѐ потсетуваат на Исусовите страданија…

Велигденската светлина нека ни даде сила да останеме обединети, да продолжиме да си помагаме едни на други и да не ги заборавиме оние на кои најмногу им треба поддршка.

Во име на Општина Кочани и во мое лично име на сите сограѓани им посакувам мир, здравје и духовна крепост.

Христос воскресе!

Венко Крстевски,

в. д. градоначалник на Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ