Последни вести
СЕ НУДИ РАЗМЕНА, БАЛА ОРИЗОВА СЛАМА ЗА ВРЕЌА СО НОВИОТ КОМПОС НА „КОМВОД“
Земјоделците во регионот Кочани сега можат да разменат бала оризова слама за вреќа со новиот компост на Комвод произведен во Кочани пречистителна вода. Новата филијала на Водовод „Компостара“ произведува органско ѓубриво „Комвод“ со оризова слама и канализациона кал. Регистриран и лиценциран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комвод ги исполнува стандардите за квалитет Швајцарија…
СЕ ВОЗЕШЕ ПЛАНИНСКАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА „МАНДАНАТА 2024“
Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, денес во атарот на селото Речани сместено на падините на „Осоговските планини“ во чест на револуционерот илинденец Стефан Мандалов – Манданата се возеше првата планинарска велосипедска трка „Манданата 2024“. Стотината велосипедисти од неколку монтбајк клубови во Македонија возеа на две патеки, ената во должина…
ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август. Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии…
КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека иако од 18 јуни влезот во Градската депонија е строго ограничен и истата е отворена од 07 до 16 часот, во последните три денови е забележано присуство на неовластени лица во оградениот простор на депонијата. Поради тоа што постои основано сомнение дека досега поголем дел од пожарите се намерно подметнати, за…
IN MEMORIAM
Како молња одекна веста дека денес попладне ненадејно почина Миле Андонов, долгогодишен стопанственик и човек од политичкото милје во Македонија. Андонов како член на СДСМ беше и член на Собранието на Република Македонија. Нека му е вечна слава КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „SOUND CENTER“
Во Понеделник (24.06.2024 година) во Кафе бар „Бавча“ во Спортско Рекреативниот центар „Бавчалук“ завршен концерт ќе одржи музичкото училиште „Sound Center“. Учениците кои работат под менторство на професор Воислав Петров ќе се претстават со изведба на домашни и странски нумери со изведби на гитара, бас гитара, тапани и соло пеење. Концертот започнува во 20:00 часот….
ПДГ „АМИЧИ“ СО ПРЕКРАСНА ПРИРЕДБА ЈА ЗАОКРУЖИ НАСТАВНАТА ГОДИНА
И годинива по кој знае кој пат менаџерскиот тим на Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани се потруди на еден прекрасен начин со прекрасно организирана приредба ја заокружи оваа наставна година. Пред родителите, роднините и пријателите дечињата од Детската градинка „Амичи“ се претставија со неколку музички нумери кои ги разгалија срцата на сите присутни. Најпрвин…
ОДРЖАН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЧАДЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ
Поголема група жители на Кочани и околните места денес излегоа на мирен протест кој имаше за цел да се сврте вниманието на надлежните поради енормното испуштање чад од Градската депонија и поради загадувањето на воздухот. Пред присутните зборуваше Марио Паунов граѓански активист од Кочани и главен иницијатор за одржувањето на овој протест Во своето обраќање…
НОВИНАРОТ ТОНИ АЈТОВСКИ – НАГРАДЕН ОД МППС ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ВО ИТАЛИЈА
Македонската платформа против сиромаштијата, синоќа во Скопје ги додели наградите на новинарите, кои по објавениот конкурс, со своите истражувачки стории го понесоа епитетот „Гласник на невидливите“. Награда за општествено посветен новинар што внимава да не гради стереотипи и не се води од сензационализам доби Тони Ајтовски, за истражувачката сторија „Македонските печалбари во Италија, не можат…
ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОБЛЕШЕВО
Крајот на учебната година во ООУ Климент Охридски –Облешево денес одбележана пригодно со доделување на свидетелства , пофалници и награди за најуспешните. Класните раководители на полуматурантите им посакаа да одберат средно училиште според своите постигања и таленти. Директорот на училиштето Јорданче Костадинов на генерацијата 2015-2024г. им се заблагодари на учениците кои со своето 9 годишно…