Последни вести
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ
Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ЗА „ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА КАКО ИМПЕРАТИВ
Утре (Сабота) 14:00 часот, време за почеток на натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ пред два дена загуби од „Детонит Плачковица’ и се најде на последното место на табелата со само два освоени бода, па утрешниот натпревар против „Борец“ од Велес е шанса да се дојде до првата есенска победа и колку…
ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈОТ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“!
За време на одржувањето на Празничното дефиле на ансамбли, институции и здруженија, во рамките на вториот ден од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, в сабота, 28 септември 2024 година, во периодот од 11 до 13 ч., за сообраќај ќе биде затворена улицата „Маршал Тито“ во Кочани, од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата. Сообраќајот за…
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА „ЦРВЕН КРСТ“ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 35 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, доктор и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 35 крводарители од нив…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ИМ СЕ ВРАТИ НА СТАРИТЕ НАВИКИ
Освоениот бод за „Осогово“ на жешкиот терен во Штип минатото коло ги подгреа надежите кај играчите и кај навивачите на кочанскиот второлигаш, но требаше да поминат само три дена па „Осогово“ да им се врати на старите навики. Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани „Осогово“ загуби од „Детонит Плачковица“ со 1:3 (1:1). Иако домаќините…
В ПЕТОК ЗАПОЧНУВА 33. МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“
Триесет и третото издание на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2024“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Кочани и во Оризари. Прославата во чест на кочанското бело злато ќе собере делегации и фолклорни ансамбли од Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а ќе биде награден најуспешниот оризопроизводител и…
ОЛИМПИСКИ ДЕН ВО КОЧАНИ
Општина Кочани и ОУ „Свети Кирил и Методиј“ денеска беа домаќини на манифестацијата Олимписки ден што се организира традиционално со цел да се шири олимпизмот меѓу младите генерации. Делегацијата од Македонскиот олимписки комитет предводена од претседателот Даниел Димевски беше примена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, а во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ беа…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА ЕКИПАТА НА „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“
Утре (Среда) продолжува првенството во Втора Фудбалска Лига. На програмата се натпреварите од 04 коло кое е закажано за во 15:00 часот. „Осогово“ осоколено по освоениот бод во Штип против „Брегалница“, еден од кандидатите за највисок пласман, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја пречекува незгодната екипа на „Детонит Плачковица“. Како што истакнуваат од таборот…
ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА
Општина Кочани го започнува процесот на креирањето на Буџетот за 2025 година. Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности. Предлозите…
СТАРТУВАШЕ ДЕТСКАТА РЕГИОНАЛНА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Изминатиот викенд стартуваа натпреварите во Детската Регионална Фудбалска Лига. Се одигра првото коло за генерација 2010/2011 (петлиња). Екипата на „Фудбал Старс“ од Кочани со победа го отвори првенството. Тие како домаќини ја совладаа екипата на „Победа“ од Валандово со 4:2. Предводени од разиграниот и ефикасен Филип Митев кој постигна два погодока успеаја да совладаат една…
