Последни вести

ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ГОРАН ЗАШОВ

Во присуство на  неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот беа осветени водите на „Кочанска Река“. Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 44 пријавени капачи најбрз и најсреќен беше 39-годишниот Горан Зашов. Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ХРАМ СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ – КОЧАНИ

Почитувани браќа и сестри во Христа. Свештенството и Црковното настојателство при Храмот ве известува и поканува заедно да го прославиме големиот христијански празник Богојавление или Водици. Распоред на службата за Богојавление-Водици е : 8:00 – Света Божествена Литургија 10:00– традиционално наддавање на светиот крст и икони , која по договековна традиција се одржува и негува…

ПАКЕТИ ХРАНА ЗА ЗАВЕАНИТЕ ЖИТЕЛИ ВО СЕЛО ПОЛАКИ

Поради високата снежна покривка на Осоговските Планини, шестмина жители на Полаки останале завеани во своите домови во месноста Рамно Брдо, на 20 км од Кочани. По пријавата дека останале без храна, Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани и со Центарот за управување…

КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ НАЈАВУВА, НА 18 ЈАНУАРИ „НЕБОЈАНИ – ЗИМСКА ТУРА“

Ве покануваме на зимска планинарска тура на Осоговските Планини, која се одржува по вторпат во наша организација. Турата е во чест на празникот Водици или Богојавление и симболично поминува преку Бела Река, која извира под падините на Царев Врв. Патека: Предвидената патека за реализација на Небојани Зимската Тура почнува од Бела Река и води до…

СТОЈЧЕ СТОЈОВ ГИ НАПУШТИ ПОДГОТОВКИТЕ НА „ОСОГОВО“ И ЗАМИНА ЗА ГЕРМАНИЈА

Во текот на вчерашниот ден од ГФК „Осогово“ стигна соопштение во кое беа претставени пет нови играчи кои го засилија составот на кочанскиот второлигаш и се ставаат на располагање на стручниот штаб во пролетниот дел на првенството во Втора фудбалска Лига. Тоа е јасен показател дека „жолто-сините“ во борбата за зачувување на второлигашкиот статус ќе…

СООПШТЕНИЕ НА ГФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ

Денеска на градскиот стадион во Кочани ,,Никола Мантов,,Осогово ги претстави новите засилувања за пролетниот дел од Втората Македонска фудбалска лига. На 11.01.2025 год новиот шеф на стручен штаб Крсте Крстев ги почна подготовките за новата полусезона и веке се работи според програмата и покрај тешките временски услови. Новитети во нашата екипа се Грегори Давков кој…

ОД УТРИНАВА ЕКИПИ НА КЈП „ВОДОВОД“ ИНТЕРВЕНИРААТ НА ТЕРЕН

По обилните снежни врнежи кои започнаа во текот на вечерните часови, утрово КЈП „Водовод“ – Кочани интервенираше на терен со расчистување на улиците и тротоарите според приоритетите, согласно Програмата за зимско одржување којашто е делигирана како обврска на комуналното претпријатие. КЈП „Водовод“ на терен интервенираше со два трактори и машина за чистење на снег, трактор…

ДПСС „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ВО СОРАБОТКА СО ДЗС И ПС КОЧАНИ ИЗВЛЕКЛЕ СЕДУМ ЗАВЕАНИ ЛИЦА

ДПСС (Доброволна планинска  спасителска служба) „Осогово“ – Кочани, во соработка со ДЗС (Дирекција за заштита и спасување) како и Полициска станица успеаја денес да да извлечат седум лица кои биле завеани. Имено, утринава тимот на ДПСС „Осогово“ – Кочани добил дојава дека во непосредна близина на селото Рајчани во викендичка седум лица биле завеани од…

ПРОБЛЕМ, ПАДНАТИ ЖИЦИ НА КОЛОВОЗОТ

Снегот кој постојано паѓа веќе дванаесет часа во Кочани донесе и еден проблем доколку е и проблем. Имено кај кружниот тек во Стришани паднати се жици на самиот коловоз што засега е проблем доколку истите се под висок напон. Потребно е надлежните да проверат и да ги отстранат жиците. Според некои минувачи во прашање се…

СТОЛЕ ЕФТИМОВ И НЕНАД ЈАНКУЛОВ СЕ ВРАЌААТ ВО БК „СПАРТАК“

Добри вести за борењето во Кочани пристигнаа денес. Ангажираноста на Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов ги даде посакуваните резултати. По неколкугодишно отсуство во матичниот клуб се враќаат Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов. Јанкулов моментно живее во Германија но со него „Спартак“ постигна договор така да ќе ги засили редовите на најтрофејниот клуб…