Последни вести

РАСПИШАНА ЈАВНАТА НАБАВКА ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРТНЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор…

ПОВРЕДЕНО ЛИЦЕ ВО АВТОМЕХАНИЧАРСКА РАБОТИЛНИЦА

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило,…

ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД ЗА ВИСОКА ЗОНА

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои…

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран. Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна…

ОД УТРЕ (ВТОРНИК) ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Почитувани идни средношколци, Направете го вистинскиот избор, запишете се во СОУ „Љупчо Сантов“. Можете да изберете: Гимназиско образование (минимум 60 поени) Застапени се 3 подрачја: природно-математичко подрачје општествено-хуманистичко подрачје јазично-уметничко подрачје Економско-правна и трговска струка (минимум 60 поени) економки техничар бизнис-администратор (дуална паралелка) економско-правна и трговска струка(економски техничар) нуди можност за феријална практика изведена на…

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ЗА УЧЕБНАТА 2023/24 ГОД.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на https://schools.mk/…

СТАНАРИТЕ РЕАГИРААТ: НИ ГО УЗУРПИРААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ И ОСТАВААТ СМЕТ КАДЕ ЌЕ СТИГНАТ

Станарите од зградите позади „Комитетот“ и „Стопанска Банка“ реагираат на еден за нив голем проблем што е се поприсутен а се појави откако еден совет донесе одлука да се воведе такса за паркирање но само на одредени места во централното градско подрачје. Е сега оние кои не се заинтересирани да плаќаат по 10 денари од…

КЈП „ВОДОВОД“ ГО ОТСТРАНУВА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – НАДОЈДЕНАТА ВОДА ГО ОТЕЖНУВА РАБОТЕЊЕТО

Поради дефект на дел од цевководот во средината на коритото на Кочанска Река, сѐ уште е во прекин водоснабдувањето на корисниците од високата зона во градот Кочани и во селото Бели. Според службите на „Водовод“, надојдената вода и тешкиот пристап до оштетениот дел на цевководот ја отежнуваат санацијата на дефектот. Во текот на денот цистерни…

АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови. Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен  од …

КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ

Настанатиот дефект на цевководот за водоснабдување на корисниците од висока зона е доста комплексен. Екипите на КЈП Водовод Кочани открија дека дефектот се наоѓа во коритото на Кочанска Река. За таа цел екипите на Водовод со тешка механизација ќе работат најпрво на пренасочување на реката, со цел да се создадат услови за отстранување на дефектот.  …