Последни вести
ГРАНТ ЗА НОВИ 5 ИЛЈАДИ ВОДОМЕРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша договор за грант за проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ што го склучуваат Министерството за животната средина и просторно планирање и Општина Кочани. Договорот е со финансиски износ од 52.952.080 денари за реализација на потпроектот „Замена на стари водомери со нови…
ВЕЧЕРВА ВО МКЦ, ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА (НАЈАВА)
Вечерва (Петок) со почеток во 20:30 часот во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани на програмата е театарската претстава „Децата на железницата“. Адаптација на текстот и избор на музиката е Магдалена Кочовска Салтирова а режисер на претставата е Кристина Атанасова Арсова. Претставата е дел од годинешното „Одбележување на меѓународниот ден на книжевноста за деца, другарувањето…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВРЕМЕ Е ЗА ФУДБАЛСКОТО КОМШИСКО ДЕРБИ
Време е за фудбалско комшиско дерби кое е закажано за во Сабота во рамиите на 7-то коло од Втората Фудбалска Лига. На „Градскиот стадион“ во Виница „Слога 1934“ го пречекува „Осогово“. Натпреварите помеѓу овие две екипи во изминатите години донесувале добар и ефикасен фудбал, но и тензии на теренот. И двете екипи лошо го започна…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД ПРИЛЕП
Денес во „Фоаје 2“ во НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата насловена како „Креации во ноќта – уметност инспирирана од соништата“ дела на членовите на Друштвото уметници од Прилеп. Поставени се повеќе од десетина уметнички дела кои се изработени во текот на 2020 година а за прв пат на јавноста…
НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА
Ве покануваме на изложбата насловена „Креации во ноќта.- уметност инспирирана од соништата“ на Друштвото на ликовни уметници Прилеп, во четврток на 02.10.2025 година. Отворањето на изложбата е закажано за 12.30 часот во Салон „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани. Проектот е дел од Годишната програма на НУ ЦК „…
ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – КОЧАНИ, ПОКАНА ЗА НАСТАН
Почитувани, Од 02 октомври во наредните два дена ќе се реализираат содржините од манифестацијата „Одбележување на меѓународниот ден на книжевноста за деца, другарувањето со книгите ни е песна, фестивал на децата, книгите и музиката“, посветена на 2 април, Меѓународниот ден на книжевноста за деца. Отворањето на манифестацијата ќе се реализира на 2 октомври од 10 и…
ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ОД ОРИЗАРИ ОРГАНИЗИРА КОНЦЕРТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ОРИЗАРИ
“Учениците пеат” е насловот на концертот што по повод одбележување на Неделата на детето го организира ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Оризари. На концертот што ќе се одржи на в петок на 03.10 во 18 часот во салата на Домот на културата во Оризари ќе настапат учениците одделенска и предметна настава. На концертот младите талентирани…
ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ЗАПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА
Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности. Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа: комунални…
ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА „ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025“
Денес и официјално започна кампањата од првиот круг за претстојните „Локални избори 2025“. Гласачите од Општина Кочани на „маса“ добија шест кандидати за Градоначалник и девет Советнички листи за кои ќе можат да гласаат на 63-те избирачки места од кои на 4 има помал број од 10 гласачи. Кампањата од првиот круг завршува на 17…
ВТОРА ОСМИЦА ПО РЕД ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА ОД КОЧАНИ
За време на викендот се одиграа четири од закажаните пет натпревари во Прва Фудбалска Лига. Постигнати се 22 погодока или 5,5 по натпревар што значи дека се играл ефикасен фудбал. Најефикасно беше во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ со головите на Димитровска (10’45’68’90’), Фрагосо (37’58’), Шопска (57’) и Јовановска (82’) убедливи со резултат 8:0…
