Последни вести

ОДРЖАН СПОРТСКО-МУЗИЧКИ НАСТАН ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

Фудбалскиот репрезентативец Јован Манев – гостин на ОУ „Никола Карев“ – Кочани Во пресрет на новогодишните празници, ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше спортско-музички настан на кој гостуваше поранешниот ученик, сегашен фудбалски репрезентативец Јован Манев. Присуството на фудбалерот Манев предизвика голем интерес во јавноста, која ја наполни Спортската сала „Никола Карев“, па учениците и публиката…

ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ „ВОЗИ ОДГОВОРНО, ПАТУВАЈ БЕЗБЕДНО“

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со ОВР Кочани и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, под мотото ,,Вози одговорно, патувај безбедно“, ја започна новогодишната кампања за среќна и безбедна 2024 година. Учениците од сообраќајната струка, заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани, делеа летоци со едукативна содржина,…

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА, ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „КАДЕ Е ДЕДО МРАЗ?“

Пред многубројната публика во Градскиот парк, вработените во објектот „Цветови“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани, вчера ја прикажаа претставата за деца „Каде е Дедо Мраз?“. Најмладата публика се радуваше на ликовите од преставата и заедно со нив пееше популарни новогодишни и божиќни песни. До 14 јануари, Градскиот парк во Кочани е место каде…

ОДРЖАН ПРВИОТ ОД СЕРИЈАТА ТРИ НОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Денеска напладне, во Градскиот парк во Кочани, ОМУ „Ристо Јуруков“ го прикажа Новогодишниот концерт. Училишните хорови, во придружба на наставниците Дејан Стојанов, Зоран Христов и Љупчо Ѓорѓијев настапија со познати новогодишни теми. Хоровите ги подготвија наставниците Виктор Постолов и Љупчо Ѓорѓијев. Диригент е проф. м-р Марија Лазарова. Претпразнично, публиката ќе може да проследи уште две…

НОВОГОДИШНО ДЕФИЛЕ НИЗ КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ „ДЕДО МРАЗ НА ТРКАЛА„

Двата мото клуба од Кочани „Strong riders“ и  „Желки“, по повод  Новогодишните празници, во Сабота (30 Декември)  организираат дружење со најмладите. Најпрвин членови од двата мото клуба облечени во облека на „Дедо мраз“ со своите мотори ќе продефилираат низ Кочанските улици а како крајна дестинација ќе им биде „Паркот на Револуцијата“. Сите заинтересирани дечиња, на…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Следните три дена (Вторник, Среда и Четврток) кочанчани ќе ја имаат можноста за ново предновогодишно музичко уживање со учениците и вработените од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани На ред се трите новогодишни концерти: Вторник и Среда од 12:00 часот а четврток од 17:00 часот. Место на настанот е „Паркот на Револуцијата“. Па време е за…

ПРЕДНОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО КОЧАНИ

По иницијатива на овластениот градежен инспектор при Општина Кочани Николчо Гоцев, денес попладнето во ресторан„Аледар“ Кочани се одржа сега веќе традиционалното предновогодишно дружење на сите оние кои на некој начин се дел од градежниот сектор во Кочани. Претставници на градежни фирми, проектантски и надзорни куќи, изведувачи и инвеститори, сопственици на стоваришта за градежни материјали, занаетчиски…

ОТВОРЕНА РЕТРОСПЕКТИВНАТА ИЗЛОЖБА 2013-2023 „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА КОЧАНИ И КОЧАНСКО“

Во присуство на ученици од основните училишта во Општина Кочани, ментори, како и други љубители на уметноста, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворена Ретроспективната изложба 2013-2023 „Културно наследство на Кочани и кочанско“. За самата изложба и нејзиното значење свое обраќање имаше Илинка Атанасова – Советник археолог, носител и организатор на…

МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Државно првенство во шах за учениците од основните училишта за 2023 – машки од 1 одд до 5 одд, учествуваа 29 шахисти, Постигнати се следните резултат наи; 1 место Диванисов Матеј ООУ Никола Карев Кочани 2 место Пероски Иван ООУ Григор Прличев Охрид 3 место Мехмед Ханмза ООУ Братство Единство Охрид Државно првенство во шах…

ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Општина Кочани отуѓува осум парцели државно градежно земјиште Општина Кочани ја распиша 38. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели, сите со намена индивидуално домување. Четири од парцелите се наоѓаат на улицата „Февруарски поход“, а по две се на улиците „Митко Тодоров“ и „Пиринска“. Површините…