Последни вести
СО МОТОЦИКЛ ПРВО УДРИЛ ВО ВОЗИЛОТО ПА ПОТОА И ГО НАПАДНАЛ ВОЗАЧОТ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.И.(22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.10.2023 на Градскиот плоштад во Кочани, пријавениот со мотоцикл удрил во возило, по што и физички го нападнал возачот на возилото. ИЗВОР: МВР
ГРАЃАНИТЕ АЛАРМИРААТ ЗА СЕ ПОГОЛЕМАТА НАЕЗДА НА ГЛУВЦИ ПО ДОМОВИТЕ
Жители на Кочани се пожалија од појавата на се поголемиот број на глувци со кои секојдневно се справуваат самите како знаат и умеат. Како што истакнуваат, во последните неколку месеци тоа е вистинска наезда од глувци кои по се изгледа преку канализационата мрежа честопати се појавуваат во нивните домови, односно станови. Јавно прашуваат дали е…
КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА И РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ: ОПШТИНА КОЧАНИ ПРОТИВ ДЕЦАТА И РОДИТЕЛИТЕ?!
Општина Кочани ги изманипулира граѓаните и родителите на Кочани и покрај тоа што на 25-тата Седница на Советот на Општината беа донесени заклучоци дека родовите компоненти треба да се исфрлат од Програмата за еднакви можности на мажите и жените. Имено, денес како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку…
ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОБЛЕШЕВО ГО ЧЕСТВУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Во чест на патрониот празник на нашето училиште ООУ „Климент Охридски- Облешево, започнуваме со повеќе активности по тој повод. Денес во паркот на централното и подрачните училишта засадивме садници од ГИНКО дрвца кои ги донираше за нашето училиште Томе Стојанов-Гинко, кој потекнува од нашата општина. Гинко дрвото е симбол на здравје и долговечност . Со…
ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ТЕХНИЧКА ОПРЕМА ЗА ДПД (ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО ) – КОЧАНИ
Во присуство на претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија и на Општина Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани прими техничка опрема за интервенции во случај на пожари, поплави, сообраќајни незгоди и други природни катастрофи. Со проектот финансиран од фондот Мали проекти на Германската амбасада, доброволните пожарникари добија интервентни чизми, мобилни станици за комуникација, моторни…
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО МЕЃУ ДЕЦАТА
Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“. Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“,…
ВО ПАРИЗ ОДРЖАН „ГЛОБАЛЕН ФОРУМ ЗА ЖЕНИ, ЛИДЕРИ ВО БОРЕЊЕТО“
Од 01-05 Декември Париз (Франција) беше домаќин на „Глобалниот форум за жени лидери во борењето“. Форумот кој беше во организација на Светската боречка асоцијација UWW се одржа во салата на „Институтот за спорт“, а на истиот учествуваа 40 жени од целиот свет кои што се дел од борењето. Претседавач на форумот беше Габриела Мулер од…
СПОМЕНИКОТ „ВИЛИНО КОЊЧЕ“ ГО ЧЕКА ОСВЕТЛУВАЊЕТО
Споменикот „Вилино коњче“ донација од Ротари клуб Кочани – Виница повеќе од половина година како почна да се поставува на северниот дел од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. Од оправдани причини малку доцнеше неговото обликување но сега откако е се направено се чека да биде осветлено и на паркот да му даде една посебна убавина,…
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ КОНКУРС НА ТЕМА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ
Под мотото Заедно за подобра иднина, на тема Мултикултурализмот во нашата заедница, Општина Кочани и Цивил – Центар за слобода, реализираа конкурс за ликовни творби за учениците од основните училишта во Кочани. Со цел да се поттикнат учениците да размислуваат за културните, етничките и верските различности и да градат култура на почитување на различностите, на…
ИЗВЕСТУВАЊЕ
На ново настанатиот дефект на водоводна линија на кружниот тек пред дуплиот мост во моментот се извршуваат градежни работи на затрупување и тампонирање на оштетениот дел од коловозот. КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот, а особено околу кружниот тек каде ќе се…