Последни вести

ОТСТРАНЕТИ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ОБЈЕКТОТ „ДЕТЕЛИНКА“, В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАРА СОГЛАСНОСТ ЗА НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА

Санирани се сите недостатоци на градбата и со потпис од официјалниот надзор, новиот објект „Детелинка“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ е подготвен да почне со работа. В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со допис ја извести министерката Гордана Димитриеска Кочоска, од која бара средба на која ќе разговараат за добивањето согласности за вработувања…

ВО СРЕДА ИЗЛОЖБА „EAST MEETS WEST 2“

Во Среда (04 Јуни) во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложба со Македонски и Германски уметници насловена како „East meets West 2“. Ма изложбата ќе бидат поставени дела од Ирена Паскали (Келн/Скопје), Марија Мицова Гацова (Кочани), Александра Димитровска (Кочани), Кристине Хах (Гомбсхајм), Росвита Рибе-Бајк (Штраубинг) и Асуман…

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ПО ТРЕТИ ПАТ ПОБЕДНИК НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „ДРАГАНИЦА КУП“

Екипата на „Победа“ (Прилеп) е годинешниот победник на 19-тото издание на  меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ откако денес во финалето ја совладаа мошне добрата екипа на „Вихрен“ од Сандански (Република Бугарија)  со резултат 1:0 (0:0). Во увертира на финалето во борбата за третото место домаќинот и воедно организатор на турнирот „Осогово“ ја совлада „Беласица“ (Струмица)…

ОДЛИЧЕН НАСТАП НА КГС „КОЧАНИ“ НА ПРВИОТ ТУРНИР ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГИМНАСТИКА

Во саботата Скопје беше домаќин на  првиот турнир од Државното првенство во гимнастика. КГС „Кочани“ настапи со 25 натпреварувачи од кои 17 во женска и 8 во машка конкуренција. Постигнати резултати: Женски Б програма Деца до 7 години Екипно прво место Поединечно: Јосифа Лазарова – прво место, Илина Тодорова – второ место, Ана Тодорова –…

АКО ПРОДОЛЖИМЕ ВАКА, САМИ ЌЕ СЕ УНИШТИМЕ

Денешната прошетка кон Гратче беше пријатна се додека не се наиде на куп смет кој тешко дека во некој камион за смет на КЈП „Водовод“ ќе може да го собере. За ова е потребен трактор бидејќи до контејнерот освен вреќи со смет има и вреќи со шут (цврст материјал), стари фотелји поточно има и фрлен…

МАЈСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 42 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна мајска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 42 крводарители. Акцијата е 8 …

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА ФИЗИЧКИ НАПАДИ НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ

На 28.05.2025 во 18.40 часот во ПС Кочани Т.М.(71) од с.Прибачево пријавил дека околу 07.30 часот во с. Прибачево бил физички нападнат од В.Х.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.04.2025 околу 01.30 часот во СВР Штип Б.Д. (23) од Кочани пријавил дека на ул. „Христо Узунов“ во Виница бил физички нападнат од…

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ“

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Штип – Кочани“. Панелот беше инициран од универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка на општествено одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“. На панелот учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…

„ОСОГОВО“ И „ГОЛЕМО КОЊАРИ“ ВТОРОЛИГАШИ, „ПРЕСПА“ ИЗВИСИ

Според информациите до кои што дојдовме, пред малку во просториите на ФФМ беше извршено жребување кои две екипи ќе останат во втората лига. „Осогово“ и „Големо Коњари“ ги посака среќата и следното првенство ќе играат во второлигашката конкуренција. Екипата на „Преспа“ не ја посака среќата, овој пат таа извиси. Да потсетиме во неделата беше објавено…

ПРАШАЛНИК – ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како…