Последни вести
ВФЛ-ИСТОК: КОЈ ДРУГ АКО НЕ ТОШЕ МАНОВ
По мошне студено време проследено си ситен леден дожд денес во Кочани во рамките на 18-тото коло „Осогово“ и „Кожуф“ ги поделија бодовите играјќи 1:1 (0:1). Домаќините по победата над „Пехчево“ во Штип со доста оптимизам го дочекаа денешниот натпревар, за жал уште на почетокот премногу грешеа па гостите беа тие кои ја имаа играта…
АЈДЕ КОЧАНЧАНИ, ОХРАБРЕТЕ СЕ, ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“
Сите рокови поминаа, оџакот на фабриката „Пејпар мил“ до вчера чадеше безмилосно. Време е за масовниот протест. Ајде Кочанчани охрабрете се и излезете утре (Сабота) во 12:05 и наместо преку ФБ, јавно со своето присуство да им кажеме на сопствениците на фабриката, ДОСТА Е. Најавата дека „Пејпар мил“ од 03. Март па се до крајот…
СО ДОБРА И ЕФИКАСНА ИГРА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ МИНАТОНЕДЕЛНАТА ПОБЕДА
За утре (Сабота) во 14:00 часот закажани се натпреварите од 18-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Според распоредот и местото на табелата сите пет натпревари се доста значајни за понатамошниот тек во првенството. Во Кочани гостува екипата на „Кожуф“ која е во групата на екипи кои грчевито ќе се борат за освојување на…
СООБРАЌАЈКА КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА
Вечерва околу 19 часот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек кај Полициска станица – Кочани се случи сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено. До несреќата дошло кога ПМВ „Форд“ со кочански регистарски таблички удрило во бетонската жардинјера што го разделува булеварот. Поради повредите на еден од патниците во возилото кое…
ВО НЕДЕЛА „ДРАГАНИЦА КУП“ ПО ШЕСНАЕСЕТТИ ПАТ
Традицијата нема да запре, напротив таа и годинава ќе продолжи. Во недела со почеток во 1):00 часот започнуваат натпреварите од 16-тото издание на традиционалниот Меморијален фудбалски турнир „Драганица куп“ кој се одржува во чест на некогашната фидбалска легенда на кочанскиот фудбал Драган Михајлов – Драганица. Годинава на турнирот ќе земат учество играчи од четири клубови…
И ДЕНЕС ДВОЧАСОВНА БЛОКАДА НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Протестите против аерозагадувањето од страна на компанијата „Пејпар мил“ и денес продолжија. И денес како и вчера но и како изминатите две седмици два часа група граѓани протестираа поради испуштањето на штетни честички од оџакот на фабријата „Пејпар мил“. Денес два часа беше блокирана улицата „Тодосија Паунов“ а граѓаните со касна порака „Чист воздух за…
КОМУ МУ ПРЕЧИ ЗАКАЖАНИОТ ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ?
Одбројувањето започна, до закажаниот протест под мотото „Кочани сака чист воздух! Придружи се и ти!“ остануваат помалку од 48 часа. Иако протестот е уредно пријавен и зад него стојат поголемиот број од жителите на Кочани кои сакаат само чист воздух и ништо повеќе очигледно е дека некому сето тоа не му одговара. Имено, денес одредени…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани и сите учесници во сообраќајот дека во сабота, 05.03.2022 година во период од 8 до 13 часот, сообраќајот на улица „Стево Теодосиевски“ ќе биде пренасочен заради градежни работи, уривање на куќи. Се повикуваат учесниците во сообраќајот на зголемено внимание при движењето и на почитување на сообраќајните правила и прописи….
ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ПОРАДИ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
На 02.03.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле О.М.(37) од Кочани бидејќи во 23.00 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале на службени дејствија. По комплетирање на случајот против О.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип
КОЛО ВО КОЕ НАСТРАДАА ВОДЕЧКИТЕ ЕКИПИ НА ТАБЕЛАТА
Се одиграа натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, коло кое не беше баш пријатно за трите водечки клубови, но и коло во кое „Осогово“ со сигурна игра си го врати загубеното од претходното коло. „Осогово“ по поразот од „Беласица“ на домашен терен сепак без бело знаме отпатува во Штип на мегдан…