Последни вести

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

До порталот „комарец“  во текот на денешниот ден пристигнаа повеќе фотографии и реакција на наши сограѓани од Централното градско подрачје, а причината е ненавременото собирање на сметот. Дописот го објавуваме во целост. „Почитувани, ние граѓаните кои живееме во централното градско подрачје последните денови сме сведоци како вработените во комуналното претпријатие задолжени за собирање на ѓубрето…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ИЗВИДНИЧКИОТ ЗИМСКИ КАМП НА ИО „ЛАСТОВИЦА“ ОД КОЧАНИ

Со завршувањето на зимскиот распуст на учениците успешно заврши и традиционалниот извиднички зимски камп на Осогово. Оваа година на зимскиот камп учествуваа 60 извидници предводени од три старешини и двајца водачи. Извидниците беа сместени во „Осоговски конак“ каде успешно беа реализирани сите предвидени актвности и извиднички вештини. Извидниците преку ова неформално образование преку забава и…

РУИНИРАЊЕТО НА ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА, ВРЕМЕ Е ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НАДЗОРНИ КАМЕРИ

Руинирањето од страна на поединци или на некоја група на Градскиот Трговски Центар во Кочани продолжува со несмалена брзина. Вчера пишувавме за оштетената ограда а денес за оштетените скали кои водат од „тунелот“ кон фонтаната. Сето ова наметнува дека е потребно конечно поставувањето на надзорни камери. Ако советниците со Градоначалникот изнајдоа начин како да се…

ВО СРЕДА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПИСМАТА НА ЉУБОМИР МИЛЕТИЧ ДО АФАНАСИЈ М. СЕЛИШЧЕВ“

ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со Државен архив и Институтот за национална историја, во среда 22 декември 2025 година, во 12 часот организираат промоција на книгата „Писмата на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (Историја на една мистификација)“ од авторот д-р Бранислав Светозаревиќ, во издание на Државен архив. Исто така и отварање на изложбата: „Асном-израз…

IN MEMORIJAM

Фудбалско Кочани загуби уште еден свој некогашен играч. Почина Владо Димитров – Циге, голман кој освен во „Осогово“ има настапувано и во повеќе клубови во Македонија но најголемото негово достигнување е кога кон крајот на седумдесеттите години застана на голот на „Вардар“ од Скопје. Повозрасните љубители на фудбалот се сеќаваат на неговите бравурозни одбрани на…

ГРАЃАНИТЕ ИНФОРМИРААТ: СОСТОЈБАТА СО ГРАДСКИОТ ПАЗАР Е ОЧАЈНА

Наш читател ни испрати допис со фотографии за моменталната состојба со „Градскиот пазар“ во Кочани. Во дописот кој ви го пренесуваме во целост се вели: „Состојбата со хигиената во градскиот пазар е на очајно ниво. Во градскиот пазар и од сликите можете да забележите дека има расфрлано ѓубре на сите страни. Освен ова има многу…

КОНКУРС, „БИДИ И ТИ ФУДБАЛСКИ СУДИЈА“

Под мотото „Биди и ти фудбалски судија“ распишан е Конкурс од Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани за фудбалски судии. Кандидатите треба да бидат на возраст од 16 до 25 години, момчиња и девојчиња.. Пријавувањето трае до 05.02.2025 година а кандидатите можат да конкурираат на: ofskocani@ffm.com или преку лицето за контакт Драган Јаневски, тел.бр. 078-948-456. КОМЕНТАРИТЕ …

ЌЕ СЕ ПОПРАВИ ЛИ ОГРАДАТА ИЛИ ЌЕ СЕ ЧЕКА НЕКОЈ ДОМА ДА СИ ЈА ОДНЕСЕ?

Месец дена како оградата во Градскиот Трговски Центар стои оштетена без некој од надлежните да изрази желба да ја доведе во првобитната положба. Факт е дека ние луѓето сме си виновни за нејзиното оштетување. Без да се грижиме за заедничките добра, со слидно „домашно воспитување“  продолжуваме да го уништуваме она некој што се потрудил да…

ОСВЕТЕН ПАРАКЛИС ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Денес во Кочани во присуство на голем број верници позади поштата а во комплексот  на зградите за домување беше осветен Параклисот поставен во чест на Свети Јоавн Крстител. Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво. Ктитор на Параклисот е Горги Горгиевски и компанијата „Деликатес“ – Кочани….

ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ГОРАН ЗАШОВ

Во присуство на  неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот беа осветени водите на „Кочанска Река“. Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 44 пријавени капачи најбрз и најсреќен беше 39-годишниот Горан Зашов. Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм…