Последни вести

ОД УТРИНАВА ЕКИПИ НА КЈП „ВОДОВОД“ ИНТЕРВЕНИРААТ НА ТЕРЕН

По обилните снежни врнежи кои започнаа во текот на вечерните часови, утрово КЈП „Водовод“ – Кочани интервенираше на терен со расчистување на улиците и тротоарите според приоритетите, согласно Програмата за зимско одржување којашто е делигирана како обврска на комуналното претпријатие. КЈП „Водовод“ на терен интервенираше со два трактори и машина за чистење на снег, трактор…

ДПСС „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ВО СОРАБОТКА СО ДЗС И ПС КОЧАНИ ИЗВЛЕКЛЕ СЕДУМ ЗАВЕАНИ ЛИЦА

ДПСС (Доброволна планинска  спасителска служба) „Осогово“ – Кочани, во соработка со ДЗС (Дирекција за заштита и спасување) како и Полициска станица успеаја денес да да извлечат седум лица кои биле завеани. Имено, утринава тимот на ДПСС „Осогово“ – Кочани добил дојава дека во непосредна близина на селото Рајчани во викендичка седум лица биле завеани од…

ПРОБЛЕМ, ПАДНАТИ ЖИЦИ НА КОЛОВОЗОТ

Снегот кој постојано паѓа веќе дванаесет часа во Кочани донесе и еден проблем доколку е и проблем. Имено кај кружниот тек во Стришани паднати се жици на самиот коловоз што засега е проблем доколку истите се под висок напон. Потребно е надлежните да проверат и да ги отстранат жиците. Според некои минувачи во прашање се…

СТОЛЕ ЕФТИМОВ И НЕНАД ЈАНКУЛОВ СЕ ВРАЌААТ ВО БК „СПАРТАК“

Добри вести за борењето во Кочани пристигнаа денес. Ангажираноста на Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов ги даде посакуваните резултати. По неколкугодишно отсуство во матичниот клуб се враќаат Столе Ефтимов и Ненад Јанкулов. Јанкулов моментно живее во Германија но со него „Спартак“ постигна договор така да ќе ги засили редовите на најтрофејниот клуб…

ФУДБАЛЕРИТЕ НА „ОСОГОВО“ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ

Како и што беше најавено денес (Сабота) фудбалерите на „Осогово“ предводени од новиот Шеф на стручниот штаб Крсте Крстев и неговите соработници ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига. Најпрвин во просториите на клубот беше одржана прес-конференција на која и официјално беше претставен новоименуваниот Претседател на „Осогово“ Ненад Ефтимов, шефот…

НЕ ЌЕ ДА Е САМО ДО КОМУНАЛНОТО, ТУКУ И ДО МЕНТАЛНИОТ СКЛОП НА НАСЕЛЕНИЕТО

Залудно наши сограѓани протестираа со седмици кога по наредба на „големите“ и покрај Одлуката на Советот на Општина Кочани, и понатака други општини депонираат смет на Градската депонија над селото Бели. Но, штом им ги „истргнаа ушите“ на овдешните надлежни служби а овие веднаш ја „свиткаа опашката“ ајде некако да ги и разбереме (иако нема…

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2024 година; – Најдобар млад надежен спортист – Најдобра спортска екипа – Најдобар спортски тренер – Најдобар спортски работник Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи…

КОЧАНЧАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ДЕКА ФИЗИЧКИ БИЛ НАПАДНАТ ОД НЕГОВ СОГРАЃАНИН

На 09.01.2025 во 22.35 часот во Полициската станица Кочани, П.А.(39) од Кочани пријавил дека околу 22.20 часот пред угостителски објект во Кочани бил физички нападнат од А.„Н“ од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ БАРААТ НАВРЕМЕ ДА СЕ СОБИРА СМЕТОТ

Дел од жителите на улицата „Гоце Делчев“ реагираат  од причина што и по неколку дена не се собирал сметот од пред нивните донови. „Ги замолуваме вработените од Водовод конечно да сфатат дека сметот треба да се собере и пред нашите донови а не само во центарот на градот. И ние како и останатите ги плаќаме…

ФРЛЕН ОТРОВ, ЗАТРУЕНИ ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА

На 08.01.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 07.01.2025 околу 15.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани биле пронајдени затруени едно куче и една мачка со сопственици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ